Нова студија открива кој е најефикасниот третман за социјална анксиозност

Социјалното анксиозно нарушување најчесто се третира со антидепресиви, но тие не се и најефикасниот третман.

Нова студија открива дека когнитивно бихевиоралната терапија (CBT) е најефективна во третманот на ова нарушување и корисните ефекти од истата траат и по иницијалниот третман.

Нова студија открива кој е најефикасниот третман за социјална анксиозност

Во студијата која е објавена во The Lancet Psychiatry, биле анализирани 101 посебни клинички испитувања, во кои биле испитани ефектите на различни видови медикаменти и психотерапија во третманот за социјална анксиозност (Mayo-Wilson et al., 2014).

Се смета дека ова нарушување афектира 1 од 8 лица, и дека станува збор за состојба која е повеќе од – само да се биде срамежлив. Состојбата често погодува значајни области во животот на луѓето и вообичаено води кон намалување на квалитетот на живеење.

Evan Mayo-Wilson, водечкиот автор на истражувањето, изјавува:

„Луѓето со вакво нарушување може да доживуваат неколку поголеми тешкотии, од избегнување на пријателства до одбивање изложувања на работа кои би ја зголемиле социјалната интеракција.

Добрата вест од нашето истражување е што социјалната анксиозност се третира.

Сега кога знаеме што најдобро функционира, потребно е да го подобриме пристапот до психотерапијата на оние кои страдаат.“

Истражувањето во анализата вклучило 13, 164 испитаници, од кои сите страдале од долготрајна и тешка социјална анксиозност. Од нив, околу 9000 земале медикамент, кој или бил плацебо, или вистински антидепресив. Останатите, околу 4000 испитаници добиле психотераписки третман.

Психотерапијата понекогаш се комбинира со антидепресиви, иако само мал број од испитаниците вклучени во истражувањето им била дадена оваа комбинација.

Истражувачите откриле дека психолошката терапија е најефикаснa во борбата со социјалната анксиозност. Според резултатите, психотерапијата треба да биде првиот третман. Андтидепресивите биле исто така ефективни, но биле проследени со нус-појави и не делувале на некои луѓе. Уште повеќе, позитивните ефекти на медикаментите прекинувале заедно со прекинувањето на нивното користење. Од друга страна, подобрувањето од психотерапијата продолжува и по завршувањето на третманот.

Резултатите од ова истражување веќе имаат влијание. Имено, воведени се некои нови насоки во психотерапијата во Велика Британија.

Mayo-Wilson заклучува:

„Поголемо вложување во психолошки терапии ќе го подобри квалитетот на живеењето, ќе ја зголеми работната продуктивност, и ќе ги намали здравствените трошоци.

Здравствениот систем не го третира менталното здравје еднакво, но задоволувањето на побарувачката не е едноставно прашање на плаќање на психолошките услуги од страна на здравствено осигурените лица.“

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.