Очи за убавото

Несомнено e дека во животот не е сè така пријатно… болка, стравови, несреќи, болести, несигурност, непредвидливост… луѓе вакви, онакви.. ситуации, случувања.

Некогаш и животните случувања лошо нè имаат истренирано, па имаме нагласено чувство на очекување на нешто непријатно или невротична потреба за заштита од сè што може да нè повреди. Сепак.. на крајот на краиштата една од работите кои ни преостануваат, а е особено значајна за нас е да научиме –  да имаме очи за убавото…

Кои се убавите работи?

Набљудување деца како си играат, цвеќето засадено крај патот каде минуваме, чесниот гест на враќање на загубениот паричник, зготвениот ручек кој нè чека дома, напишаниот текст, поглед кон ѕвезденото небо, муабетењето со сестрата/братот, мирот и спокојот при прошетка во природа, смеењето со друштвото, омилената песна, чувството само да се биде до некој, погледот од високо…

Очи за убавите работи

Колку си дозволуваме да се наполниме со оваа енергија која оживува? Некогаш и за да ги прифатиме убавите работи ни е потребна храброст. И не само храброст. Некогаш и жртва… Жртва и вложување енергија за да се ослободиме од лошата навика – во голема мера да бидеме насочени само кон работите кои ни пречат и не ни се допаѓаат…

Какви сложени, конфликтни, фасцинантни… суштества сме ние луѓето.

 

Насловна фотографија – Викторија Бачварова



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.