Од што се задоволни клиентите во психотерапијата?

Една од главните забелешки на истражувањата за задовоството и ефикасноста од психотерапијата, е недоволните информации и препораки за тоа како треба да се однесува терапевтот во сесиите. Сепак, едно значајно истражување е посветено токму на оваа тема. Levitt ги дефинирал точките кои определуваат дали клиентите ќе бидат задоволни од тераписките сесии и дали ја постигнале посакуваната промена.

Учесниците во истражувањето побарале психолошка помош поради различни причини, а терапевтите кои работеле биле од различни тераписки правци.

Во истражувањето се дошло до следните групи на одговори од страна на клиентите во однос на терпијата:

  • Посветеност во терапијата

Клиентите имале различни очекувања од терапијата. Оние со негативни првични впечатоци изјавиле дека дирекните разговори за срамот или стравот врзан за болни теми им помогнале да развијат поголема посветеност во терапијата.

  • Соодветен простор

Клиентите го опишувале местото каде се одвива терапијата како одраз на грижата на терапевтот за клиентот. Чувствата на сигурност, удобност и опуштеност биле поврзувани со физичките услови на тераписката просторија.

This image has an empty alt attribute; its file name is psychotherapy-set-023-1024x587.jpg
  • Процесирање надвор од сесијата

Според наведеното, почетокот и крајот на сесиите биле особено тешки за клиентите.  За некои било олеснувачко кога на крајот од сесијата имале простор за отпуштање од емоционалната тензија. Други клиети го навеле времето меѓу сесиите како добар простор за рефлексија.

  • Тераписки однос

Најголем дел од клиентите го навеле односот со терапевтот како централен дел од терапијата.  Тие го опишувале односот како разбирачки, непристрасен и доверлив.  Притоа, на терапевтот гледале како извор за одобрување и поддршка, сè додека клиентот не развие оптимално чувство за самоподдршка и прифаќање. Потоа, ја продлабочувале довербата откако откривале ранливите делови од себе, а терапевтот одговарал со грижа и емпатија.

Прекршувањето на правилата од страна на терапевотот во однос на структурата на терапијата ја јакнело или пак ја слабеело релацијата клиент –терапевт.  Кога клиентот го перципирал прекршувањето како инвестиција од страна на терапевтот, релацијата се јакнела, а ако клиентот се чувстувал непријатно поради тоа , релацијата слабеела.

  • Карактерни особини на терапевтот

Клиентите ја опишувале личноста на терапевтот како проблематична доколку го/ја преципирале како далечен/а и ладен/а, т.е со одбанбен став, нечувствивтелен и недоволно инволвиран. Бил перципиран како проблематичен и ако е премногу инволвиран во терапевтскиот процес и пројавувал љубомора, контрола или сожалување. Чекорите да се предизвика клиентот, главно биле лошо прифатени, освен кога клиентите биле манипулативни или избегнувачки настроени.

  • Психотераписки интервенции

Терапевтите употребуваат разни техники, но клиетите главно преферирале структурирани тераписки задачи во сеансите. Потиикнувањето на увидот во себе, терапевтите го вршеле преку откривање различни перспективи, поставување прашања и укажување на воспоставените шеми на однесување кај клиентот.

Резултатите од ова квалитативно истражување се сведува на неколку клучни елементи. Клиентите имаат најмногу потреба да од структура во терапијата при воведување промена, но во исто време имаат потрена да се чувствуваат препознаено и уважено. Тоа им помагало да се охрабрат да ризикуваат со новитети.

За терапевтите пак, резултатите од истражувањето придонесуваат да се сензибилилираат на потребите, очекувањето и однесувањето на клиентите, што придонесува за поефикасен тераписки процес.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.