Од зависност до љубов

Многумина претпочитаат зависност наместо љубов. Да се биде зависен од некоја личност е напнато, возбудливо, страствено. Како во спротивно би се пишувале толку многу љубовни песни? Некои веруваат дека зависноста е всушност „вистинска љубов“. За нив, врска без интензивни чувства е како сакање без да бидеш „вљубен“. Љубовта тогаш станува на некој начин како меѓу браќа и сестри.

Од зависност до љубов

Најчесто зависностите имаат ист корен, но различни форми. Коренот е несигурност и страв од напуштање. Без разлика од што некој е зависен, тој се плаши од загуба (напуштање). Зависникот од хероин не може да го замисли животот без оваа супстанца. Зависноста од алкохол, комар или секс е иста; откажувањето од зависноста изгледа неодгатливо. Животот без „објектот“ од кој личноста е зависна (без разлика дали е супстанца, однесување или друга личност) е заканувачки за неа.

Често, објектот на зависност дава рамка за начинот на живеење на личноста. Така, оној кој се коцка, се поистоветува себе си со улогата на коцкар. Зависниците од супстанци, се идентификуваат со нивната вклученост во контра-култура и бунт против општеството. Кај зависникот од вежбање, доминира физичкиот изглед во неговиот идентитет. Иако не секој случај на зависност е ваков, најголемиот дел од зависниците се идентификуваат со нивната улога на зависност.

Ова, уште повеќе важи кога станува збор за љубовниот партнер/ка. Многу луѓе мислат дека не можат да живеат без својот партнер/ка. За нив, за жал ова е суштината на „љубовта“. Ваквото верување води кон силна зависност. Во овој контекст, значајно е да се каже дека идејата да се биде зависен од некоја личност прилично се нормализира, дури и се издигнува како зависност над зависностите (со голема вредност и значење за животот на човекот) што ја прави меѓу најтешките зависности за промена и надминување. Замислете личност во брак со партнер/ка од кој/а е зависен/а. Повеќето други зависности може да се напуштат, но тоа е тежок случај со несамостојноста.

Ова го поттикнува прашањето: Дали една зависна врска може да премине во здрава врска?

За да одговориме, може да го земеме следниот пример – Ако некоја храна што е штетна за нас, но вкусна, дали е подобро да земеме еден залак, а потоа да се „бориме“ со себе знаејќи дека е на дофат, или е подобро да ја избегнеме без пробување. За многумина, избегнувањето на штетното однесување или супстанца е подобриот избор. Така што, одговорот е релативен и кога станува знор за зависноста од личност. Многумина претпочитаат да ја пресечат врската со поранешниот/та партнер/ка, особено во средните фази на тагување (во раната фаза постои голема доза на самосожалување и надеж), отколку да се имаат редовни средби и да го одржуваат контактот. Овој начин е едноставно помалку измачувачки. Советите за надминување на зависноста се истите: „Останете што подалеку од супстанцата (алкохол, дрога итн.) или однесувањето (коцкање) и нештата со кои тие се поврзани. На тој начин, полесно е надминувањето на состојбата во раните фази.

Од зависност до љубов

Некогаш, исто така ова се препорачува и за несамостојноста. Ако врската е токсична, одржувањето на дистанца е најдобро. Но, често ова решение не е најдобро. Во некои случаи на зависност од личност, можеби подобро е да се има поинаков пристап.

Со секоја промена има подеми и падови, победи и неуспеси. Промената започнува со свесност за промената која сакаме да ја направиме. Свесноста е клучна, особено свесноста за своите мислења. Следниот чекор е преиспитување на своите размислувања и верувања. Личноста која сака да се справи со проблемот на зависност, мора да заземе рационален пристап и да ги предизвика своите мисли кои водат кон зависното однесување. Ова често е тешко. Емоциите се потешки за контрола и влијаат врз однесувањето. Многумина донесуваат одлуки врз основа на емоциите, отколку врз основа на рационалното однесување.

Личноста која се обидува да ја развие врската од зависност во љубов, мора исто така да најде ново значење, нов начин на дефинирање на себе си. Во случај на несамостојност, ова е особено значајно во раната фаза на подобрување. Несамостојната личност се дефинира себе си преку врската. Новите начини на самодефинирање вклучуваат хоби, интереси, и се насочени кој личниот развој, што може да помогне да се пополни празнината на зависната врска.

Начинот всушност е насочување кон она што личноста сака да биде и да се движи во таа насока. Кога личноста е во состојба на „владеење со себе“, тогаш најдобро може да ја препознае и да се чувствува пријатно со промената во однесувањето. Ова е можеби моментално, но промената не е ништо повеќе од вежбање поинакво однесување од момент до момент.

Кога несамостојната личност одлучува да остане во врска, на почетокот мора да биде свесна за интеракциите со сакниот/та. Ова важи за сите промени во врската и се чини дека е тешко и „присилено“ во почетокот. Нормално е партнерите да сакаат во врската интеракциите да доаѓаат природно (автентично), но за жал она што е комфортно за оние кои се наоѓаат во зависна врска често е и нефункционално. Како и да е, со вежбање на „присилното“ или контролираното однесување, тоа станува природно. Сепак, за ова потребно е повеќе време.

Она што може да помогне во целиот овој процес на промените е свесноста за тоа што всушност сакаме од врската и фокусирање „сега и овде“ без попреченост од минатото или страв од иднината. Многу често, акспекти на несамостојноста се поврзани со стравот од напуштање кој е присутен во меморијата преку настани од почетокот на детството. За надминување на моќта на овие потиснати сеќавања, може да помогне примената на некои психотераписки техники. Два начини кои се од помош се преку препознавање на реакциите на страв и застарени реакции (соодветни за некои ситуации од минантот, но задржани и несоодветни за оние во сегашноста) кои се контра-продуктивни. Прво е ширењето на свесноста дека: реакциите на страв се врз основа на нереална опасност (ирационални); губењето на саканите не води кон смрт (страв кој води кон одговор на симпатичкиот нервен систен на соочување или бегство од изворот на страв) – Ваквата свесност помага во однос на нерешителноста и дилемите. Овие видови одговор, негативно влијаат врз врската. Второ, се препорачува кога се повикуваат непријатните сеќавања (личноста може да види од каде доаѓа стравот и најверојатно моменталниот страв го врзува за лошото сеќавање од минатото) личноста да замисли доаѓање до коренот и вадење на стравот од коренот. Ова може исто така да биде потткнато со сеќавање на пријатните спомени, наместо со негативните, за да се „разбијат“ навиките во насоките на меморијата во мозокот. Со текот на времето, негативните спомени ќе почнат да ја губат моќта.

Од зависност до љубов

За да се трансформира нездравата зависност во љубов, личноста мора да се насочи кон љубовта. Љубовта не е безбедност на егото. Љубовта е акција. Сите можеме да препознаеме кога некој се однесува љубовно; љубовта е давање. Љубовта не е базирана на страв; всушност треба да биде спротивна на стравот. Здравата љубов дава поради желбата саканата личност да биде среќна. Несамостојната (зависна) „љубов“ дава заради стравот од напуштање. Љубовта не поседува, што овозможува раст. Посакување на развој на саканиот/та е знак на љубов. Насочувањето кон љубовта на ваков начин помага во спротивставувањето на несамостојноста и зависноста.

Секоја зависност е тешка да се надмине. Зависноста од љубовниот партнер е можеби уште потешка. Но, како и со секоја друга зависност, може да се спречи. Нездравата „љубов“ може да се преобрати во здрава, иако свесноста за оваа цел може да треба засекогаш да се чува во умот и да се работи на тоа. На тој начин, може да се развива вистински љубовна врска и да се преобрази дисфункцијата во здравост.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.