Одбранбени механизми

Јас (его) понекогаш, под притисок на прекумерниот страв, е присилен да ги преземе крајните мерки за ослободување од притисокот. Овие мерки се наречени одбранбени механизми, а со нивното проучување посебно се занимавала ќерката на Фројд, Ана (Anna Freud, 1946).

Одбранбените механизми имаат две заеднички карактеристики:

  • Тие одрекуваат, кривотворат или ја искористуваат стварноста.
  • Тие делуваат несвесно, личноста не е свесна за тоа што се случува.

Одбранбени механизми (1)

Потиснување

Потиснувањето се врши кога изборот на објектот кој предизвикува поголеми забуни се истиснува од свеста по пат на противвложување. На пример, вознемирувачкото сеќавање може да биде спречено да стане свесно или личноста може да не види нешто што е очигледно затоа што тоа перцепирање е потиснато. Потиснувањето може дури да го поремети нормалното функционирање на телото. Некој може да стане сексуално импотентен бидејќи се плаши од сексуалниот импулс или може да се развие артритис како последица на потиснувањето на непријателските чувства.

Потиснувањата можат да се изразат и во облик на поместување. За да би било поместувањето успешно во спречувањето на повторно будење на стравот, тоа мора да биде претворено во некој погоден облик. Синот кој го потиснува своето непријателско чувство спрема татко му може да го изрази ова непријателско чувство против други симболи на авторитет. Еднаш создадено потиснување тешко се поништува. Личноста мора себеси повторно да се увери дека опасноста веќе не постои, ама таа не може да добие такво уверение се додека не се отстрани потиснувањето и така да се овозможи тестирање на стварноста. Тоа е маѓепсан круг. Ова е причина што возрасните живеат со многу детски стравови, тие никогаш немале можност да откријат дека овие стравови немаат основа во стварноста.

Проекција

Механизмот со чија помош невротичниот и моралниот страв се претвораат во објективен страв е наречен проекција.

Ова претворање лесно се изразува затоа што вистинскиот извор како на невротичниот страв така и на моралниот страв од казна е заменет со некој надворешен фактор. Во проекцијата едноставно се вели: таа ме мрази, наместо – јас ја мразам; тој ме прогонува, наместо: ме вознемирува мојата совест.

Претворање во спротивност

Механизмот – Претворање во спротивност се однесува на замена на импулсите во свеста или чувства кои создаваат напнатост со нивни спротивности. На пример, мразење се заменува со љубов.

Првобитниот импулс сеуште постои, ама е прикриен или маскиан со оној кој не предизвикува страв.

Многу често се поставува прашањето: како претворањето во спротивност може да се разликува од вистинското изразување на импулсот или чувството. На пример, како може да се разликува љубов како одбранбен механизам од вистинска љубов. Претворањето во спротивност обично го карактеризира екстравагантното искажување (личноста премногу протестира) и присилност.

Екстремни облици на поведение од било кој вид обично посочуваат на претворање во спротивност.

Фиксација и назадување

Во текот на нормалниот развој, личноста поминува низ низа на точно одредени степени, се додека не достигне зрелост. Меѓутоа, секој нов чекор бара одредена количина на спречување и стравови и ако овие станат многу големи, нормалниот развој може да биде привремено или трајно запрен. Со други зборови, личноста може да стане фиксирана за еден од почетните стадиуми во развојот, затоа што со превземање на следниот чекор се предизвикува страв. Премногу зависно дете може да послужи како пример за одбрана преку фиксација – стравот го спречува да учи како да стане независно.

Регресија или одбранбен механизам на назадување е тесно поврзан со фиксацијата. Во овој случај личноста која се сретнува со трауматични доживувања се повлекува на претходен стадиум од развојот. На пример, дете уплашено во првите денови на училиште може да се препушти на инфантилно поведение како што е плачење, цицање на палецот или сокривање во ќоше; млада мажена жена која има проблеми со својот маж, може да се врати во безбедниот родителски дом; човек кој ја изгубил работата може да побара утеха во алкохолот.

Степенот на назадување е обично одреден од претходни фиксации на поединецот. Тоа значи дека луѓето тежнеат да назадуваат на стадиум за кој претходно биле фиксирани. Ако биле премногу зависни како деца, најверојатно повторно ќе станат премногу зависни кога стравот ќе порасне до неподносливо ниво.

Фиксацијата и назадувањето обично се во релативна состојба. Личноста ретко целосно се фиксира и назадува кога е спречена, таа ќе тежнее да користи инфантилен т.е. незрели облици на поведение, како и предиспозиција за изразување на детско поведение. Фиксацијата и назадувањето се одговорни за нескладноста во развојот на личноста.

 

Извадок од: Основи на психоанализата – Вангелица Гаврилова




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.