Одложување на работите до последен момент

Нам не ни претставува проблем да работиме нешто што ни се допаѓа и во што уживаме. Но, кога ни се чини дека задачата е тешка, непријатна или опасна – почнуваме да го избегнуваме тоа што треба да го направиме. Притоа, знаеме да бидеме навистина креативни кога треба да се залажеме себе си.

Дали некогаш сте се нашле себе си како си кажувате:

  • Нема денес тоа да го работам, и така најдобро работам под временски притисок.
  • Па не мора сега да почнувам диета кога сум поканет/а на роденден.
  • Не можам да започнам со работа кога немам инспирација.
  • Имам други работи кои прво треба да ги направам.
  • Имам уште доста време.

Ваквите изговори, иако не звучат многу паметно, во моментите кога си ги велиме, ни изгледаа доволно уверливо, така што не водат кон неизвршување на тоа што е важно или кон несоочување со проблемите со кои би требало да се соочиме.

Одложување до последен момент (и понатаму)

Причини за одложувањето

Постојаното одложување е лоша навика. Како и останатите лоши навики и оваа има две причини во својата позадина. Едната е во нашето ирационално размислување со кое го оправдуваме своето однесување, а другото е всушност шема на нашето однесување.

Ирационалното мислење со кое го оправдуваме одложувањето на непријатните работи, главно се поврзува со перфекционизмот, односно со чувствата на неспособност и непријатност. Студентот кој смета дека треба совршено да ја напише семинарската работа, одложува да ја предаде истата навреме, а со тоа и да не го положи предметот. Чувството на неспособност, исто така влијае врз појавата на одложување. Истиот студент може да се сомнева во својата способност воопшто да напише семинарска работа или во својата способност да заврши факултет. Се плаши дека семинарската може да биде негативно оценета и поради тоа повеќе би го одложувал нејзиното предавање отколку да се соочи со неуспехот.

Некои луѓе пак, постојано ги одложуваат непријатните работи бидејќи така научиле и создале навика. Нив може да им се чини невозможно да започнат и довршат таква работа – затоа не ни започнуваат. Сепак, колку подолго не правиме ништо, толку ќе ни биде потешко да започнеме. Потребна е повеќе енергија за да промениме нешто, отколку да ја одржуваме постоечката состојба.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.