Опасноста од споредбеното купување

Правењето разлика помеѓу добрата и услугите би требало да ни помогне да направиме подобра зделка кога купуваме нешто, но не секогаш функционираат нештата на тој начин.

Опасноста од споредбеното купување

Чипс студијата

Испитаниците биле прашани да предвидат колку ќе уживаат во јадењето чипс. Половина од испитаниците биле сместени во просторија која имала други повкусни работи како на пример чоколадни стапчиња. Другата половина од нив била сместена во просторија каде имало помалку вкусна храна, на пример сардини.

Оние испитаници кои биле во просторијата со повкусните работи, помислиле дека ќе уживаат помалку во чипсот, отколку испитаниците кои биле во другата просторија. Но, не биле во право. Всушност, тие уживале во чипсот подеднакво, без разлика на  опкружувањето.

Еве ја причината: кога ќе одберете било што, ќе уживате во него, најчесто не го споредувате со други производи и уживате во тоа само поради тоа што е. Изборот само си поигрува со вашата глава.

Тиранијата на малите разлики

Кога одете да купите автомобил, куќа или некоја ужинка ние имаме тенденција да правиме голема работа од разликите помеѓу сличните производи. Забележуваме дека овој автомобил е побрз или дека оваа куќа е нешто малку поголема или ова чоколадце е поголемо. Во реалноста разликите во нашето уживање се многу помали отколку што ние ги замислуваме.

Ако сте личност која премногу му дава значење на споредбеното купување, тогаш зимајте си забелешки и видите дали вредат некои работи. Ова истражување предложува: не се оптеретувајте, пуштете го, нема да направи голема разлика. Се разбира, земете ја најниската цена на тој ист производ или услуга, но немојте да спобудалите во избирањето помеѓу моделите или опциите, навистина нема да направи многу разлика понатаму.

Опасноста е дека тиранијата од релативно малите разлики ќе ве натера да потрошите повеќе пари отколку што можете да си дозволите. Тогаш ќе завршите со нешто што нема да ве направи посреќни отколку да сте ја земале поефтината опција. Навистина, доколку размислите на дополнителниот напор што ќе го видите од купување на поскапи работи како куќа или автомобил, може дури да ве направи и помалку среќни на подолг период.

Така што, бидете среќни, направете го тоа што психолозите го нарекуваат „задоволително“ (комбинација на задоволство и цена), земете нешто што ќе ја заврши работата, но не се мачите себеси, затоа што и не вреди толку.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.