Oпсесивно-компулсивно растројство и вистината за него која ќе ве изненади

Дали некогаш ненадејно сте почувствувале импулс да направите нешто неприфатливо (на пример да добиете нагон да удрите со автомобилот во возилото пред вас) или да помислите на нешто од кое и самите ќе се исплашите (на пример да повредите блиска личност или себе си)?

Опсесивно-компилсивното растројство е  нарушување за кое карактеристични се ирационални мисли и стравови (опсесија) кои водат кон повторувачко однсување (компулсија) со цел да се намали анксиозноста која се јавува со нив. Можно е оние кои страдаат од ова нарушување го имаат само едниот елемент – само опсесија или само компулсија. Некои од симптомите за ова нарушување се: претерано чистење и миење, пречести проверки, преокупација со сексуални, агресивни или религиозни мисли, аверзија кон одредени броеви, или практикување на ритуали како отваорање и затворање на вратата одреден број пати пред да се излезе или влезе итн.

OCD (опсесивно-компулсивно пореметување) и вистината за него

Според едно ново истражување, дури 94 проценти од луѓето имале несакани, нападни мисли или импулси во последните три месеци.

Ваквите наоди покажуваат дека овој феномен не е поврзан само со луѓето кои страдаат од опсесивно компулсивно растројство и други слични нарушувања во размислувањето, туку во одредена мера се јавува и кај најголемиот дел од луѓето во општата популација.

Истражувањето е спроведено во Конкордиа Универзитетот во Канада и во 15 други институции од различни земји, вклучувајќи ги Франција, Хонг Конг, Сиера Леоне и Австралија.

Истражувачите откриле дека од 777 испитаници, речиси сите од нив пројавиле несакани негативни мисли или слики во последните три месеци.

Начините на кои овие луѓе се обидувале да се справат со ваквите мисли, биле релативно универзални:

  • Си велеле на себе да престанат да размислуваат на тој начин;
  • Го пренасочувале мислењето кон нешто позитивно;
  • Се уверувале себе си дека не мислат така;
  • Барале начин да се разберат себе си.

Луѓето кои користеле конфронтациски стратегии, како на пример да се разберат себе си, имале помалку вакви мисли отколку луѓето кои користеле избеднувачки стратегии, како на пример веднаш да се насочи мислата кон нешто позитивно.

Негативни мисли

Еден од истражувачите, Adam Radomsky објаснува:

„Послични сме отколку што мислиме.

Луѓето со опсесивно – компулсивен синдром и слични проблеми, се исти како сите останати луѓе.“

Тој додал и:

„Истражувањето покажа дека проблемот не се овие негативни нападни мисли, туку вистинскиот проблем е што ние ќе направиме со овие мисли.

На пример, многу луѓе кои имаат вакви негативни мисли ќе си речат дека е смешна или глупава помисла, додека луѓето со опсесивно компулсивен синдром ќе се загрижат дека мислата може да значи дека нешто не е во ред со нив.

Луѓето со посесивно компулсивен синдром ги доживуваат овие мисли многу почесто и се повознемирени од нив, но она што го дознавме од истражувањето е дека овие мисли се исти  како и кај сите други луѓе во општата популација.“




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.