Ослободување од чувството на срам

Сите ние секојдневно ги споделуваме со другите нашите чувства како – среќа, тага… Но, кога станува збор за срамот, не само што избегнуваме да зборуваме за него, туку и ретко кога го препознаваме и признаваме кога е присутно во нас. Срамот најчесто го криеме, за него ни е најтешко да зборуваме и е тесно поврзан со нашата ранливост.

Срамот е болна емоција, која се заснова на уверувањето или мислата дека сме несоодветни, недоволно вредни и неуспешни. Често луѓето го поврзуваат со чувството на вина и чувството на засраменост, но во суштина тие се разликуваат. Срамот е многу подлабоко чувство поврзано со целокупното доживување на себе си, и е подолготрајно.

Засраменоста е главно краткотрајно, површно чувство, предизвикано од некоја социјална ситуација, каде не сме постапиле, изгледале или прикажале на начин кој е соодветен и очекуван за социјалните норми и  нашите критериуми (на пример, сме се сопнале на јавен настан).

Вината е чувство кое се јавува кога со своето однесување сме прекршиле некое општествено или лично морално правило.

Товарот на чувството на срам може да го носиме во текот на целиот живот. Се чувствуваме виновно кога сме направиле нешто погрешно, а засрамено кога сме биле на некој начин понижени во јавност. Но, чувството на срам се јавува кога сметаме дека ние како личност сме помалку вредни, погрешни во својата суштина. Може да се чувствуваме немоќни да го промениме тоа поради што се чувствуваме така, што може да води кон уште поинтензивно чувство на срам. Срамот може да го чувствуваме неодредено, бидејќи  може да се врзе со повеќето емоции. На пример, дури и ако се чувствуваме добро, може да чувствуваме срам ако мислиме дека не го заслужуваме тоа.

Срамот често влече корени од детството. Децата не можат да ги одвојат чувствата од сликата за себе. Кога имаат негативни искуства, кога родителите не ги валидираат нивните чувстава, тие не поимаат дека нешто не е во ред со надворешната ситуација, туку дека нешто не е во ред со нив. Ова чувство, штом се вкорени во нас, тешко е да се искорене. Дури и кога изворот е во детството и е надраснат инадминат, чувството може да опстојува.

This image has an empty alt attribute; its file name is ssram.jpg

Последиците на срамот

Срамот е многу моќно чувство. Може да биде потткнат од различни околности, во било кој период од животот. Сè што криеме во нас, има контрола над нас, и додека не го извадиме на површина и не го освестиме, расте на токсичен начин. Некој кој се соочува со интензивно чувство на срам, може да се излолира и да избегнува да воспоставува здрави релации. Неретко, депресијата, проблемите со бес и зависност, често се резултат на ова разорно чувство.

Справувањето со длабок и долготраен срам ја ослабува значајно самодовербата и на крајот, личноста се убедува дека е недоволно вредна за љубов, остварување значајни релации и среќа. Изолацијата и осаменоста може да се поврзат со долговремени проблеми со депрсеија, злоупотреба на супсанции и земање лекови „на своја рака“.

Проблемите со бесот, исто така, се вообичаена манифестација на срамот. Тоа е така бидејќи на луѓето нејчесто им е полесно да ја нападнат другата страна, наместо да се соочат со своето чувство на безвредност.

This image has an empty alt attribute; its file name is shamee-1024x394.jpg

Има ли начин да се справиме со срамот?

Парадоксално, најдобриот начин да се справиме со чувство кое одбиваме да го признаеме, е да зборуваме со некого за тоа. Често интензивноста и комплексноста на чувството се доволно големи за да не успеваме самите да се справиме со токсичните последици на срамот. Со несигурноста и сомнежот во сопствента вредност, тешко се излегува на крај со последиците од срамот, без надворешна помош од некој кој има вештини да нè води. Психолошкото соеветување и терапија е надобриот начин да си помогнеме во овој случај.

Можноста да го разбереме ова моќно чувство и да вклучиме различни перспективи на нашите искуства и верувања поврзани со себе и светот, може да се доживее многу ослободувачки. Штом се соочиме со срамот и научиме како да се носиме со емоциите, нашиот живот и релации може да изгледаат многу поинаку!



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.