Ослободување преку директност

За да бидеме директни, често потребна ни е храброст – храброст да бидеме ранливи и отворени.

Постојат ситуации во кои ни претставува тешкотија да се бидеме директни:

  • Да кажете некому дека сте вљубени во него/неа
  • Да кажете некому дека не го/ја сакате
  • Да се спротивставите на некого за неговата зависност или ментална болест
  • Да кажете „не“
  • Да дадете некому непријатни повратни информации
  • Да отпуштите некого од работа.

Ослободување преку директност

Што ги спречува луѓето да бидат директни?

  • Страв од конфликт (конфликтот, всушност може да води кон развој и да донесе позитивни промени)
  • Страв од одбивање, да се посрамотиме, или да не му се допаднеме некому (но, дали навистина би сакале да му се допаднете некому преку лажно себепретставување?)
  • Страв да повредиме некого (иронично, кога не сме директни повеќе ги повредуваме другите)
  • Страв од тоа да не испаднеме смешни пред другите поставувајќи прашања за појаснување (сепак, со тоа што не разбираме нешто, неразјаснувајќи го истото, правиме да се чувствуваме уште повеќе анксиозни)
  • Надеж/замисла дека другите на магичен начин ќе знаат што ние сакаме или ни е потребно, без да го кажеме тоа (ова е нормална, но сепак ирационална желба)

Зошто е важно да се биде директен?

  • Искрено е, вистинито и автентично
  • Покажува почит кон себе и кон другите
  • Гради интегритет
  • Заштедува време, енергија и пари за себе и другите
  • Дава чувство на блискост (овозможува луѓето да ве видат во „вистинско светло“, наместо да се претставувате пред нив како што сметате дека тие би сакале да бидете)

Предлози кои може да ви помогнат да бидете директни:

  • „Скенирајте“ го телото и проверете кои чувства ги држите внатре во себе. Преиспитајте дали тоа што го кажувате е соодветно со тоа што го мислите и чувствувате. Доколку вашите чувства се премногу интензивни, тогаш дадете си време да ги смирите чувствата пред да го кажете тоа што е внатре во вас;
  • Пред да зборувате, запазете го советот на Буда и запрашајте се: „Дали е љубезно? Дали е неопходно? Дали е вистинито?“ Ова може да ви помогне да го проверите и да го скротите егото за да не кажувате деструктивни работи само поради бес
  • Држете се до едноставноста. Концизно, јасно и кратко е секогаш најдобар начин на изнесување на нештата
  • Зборувајте во термини „Јас“, наместо „Ти“ („јас имам потреба од поголемо внимание“, наместо „ти не ми посветуваш доволно внимание“)
  • Фокусирајте се на однесувањето наместо на личноста („би сакал/а да ми кажеш кога ќе доцниш, за да не се грижам“, наместо „навистина си неодговорна личност“)
  • Избегнувајте ги зборовите „секогаш“ и „никогаш“, најчесто се претерување и ја ослабуваат поентата
  • Избегнувајте посредници и зборувајте директно со изворот за да избегнете ставање на друга личност или себе си во средина
  • Грижите се за себе на тој начин што ќе кажувате „не“ секогаш кога е потребно. Немојте да претерувате со ветувања или да ги проширувате
  • Кога е возможно, секогаш нека ви биде прв избор зборувањето лице – в лице со личноста. Телефонот е втор избор, а гласовната порака трет. Избегнувајте да пренесувате комплицирани пораки преку електронска пошта за да не ве разбере погрешно другата страна.

Кажувајте го она што го мислите и мислете го она што го кажувате. Вистината ќе ве ослободи.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.