Основни релациони теми за емоциите

Основните релациони теми за емоциите даваат практично објаснување за поврзаноста на емоциите со определена загуба или бенефит, кои ги носи секој вид емоција. Секоја емоција или групација на емоции се дефинирани преку нејзината основна релациона тема. Кога се оценува добросостојбата на една личност, следи активност која е конзистентна со основните релациони теми, како и емоцијата која е следствена на нив и се манифестира.

Во табелата подолу, наведени се чувства и емоции и за секоја од нив – која е нивната релациона тема.

 Емоција  Основна Релациона Тема
Гнев Понижувачка навреда против мене или нешто мое.
Анксиозност Соочувајќи се со непозната, егзистенционална закана.
Страв Соочувајќи се со непосредна, конкретна и голема психичка опасност.
Вина Прегазувајќи некоја морална норма.
Срам Неможност да исполниш некој его-идеал.
Тага Да се доживее неповратна загуба.
Завист Да сакаш нешто туѓо.
Љубомора Обвинувајќи некоја трета страна за загуба или закана на нечија поврзаност.
Гадење Да се биде доволно блиску до неподнослив објект или идеа.
Среќа Остварување на логичен прогрес кон реализација на некоја цел.
Гордост Восхит на нечиј его-идентитет, преку собирање заслуга за некој ценет објект или достигнување, независно дали е наш, на некој друг или на група преку која ние се идентификуваме.
Олеснување Состојба која е вознемирувачка сама по себе за остварување, но исходот и е сменет на подобро или исчезнала сама по себе.
Надеж Стравувајќи од најлошото но копнеејќи по подобро.
Љубов Посакувајќи или учествувајќи во афекција, вообичаено, но не и секогаш возвратена.
Сочуство Потресен од нечие страдање и потреба да му се помогне.

Лазарус (1991)




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.