Особини на вистински пријател

Единствениот начин за да имаш пријатели е да бидеш пријател, потврдува една изрека која го симболизира вистинското пријателство – прифаќање, поддршка, активно слушање и интересирање за другиот.

10 особини на вистинскиот пријател: Прифаќа, потикнува и е присутен

1. Ве поттикнува да се прифатите себе си

Сите луѓе во одредена мера се наклонети кон себекритика, а вистинските пријатели ќе влијаат на нас на начин на кој ние би се чувствувале добро во својата кожа. Тие ја поттикнуваат нашата самодоверба, затоа што нас нè сакаат баш онакви какви што сме – со сите мани и недостатоци, но и со бројните позитивни страни.

2. Навистина слушаат

Отворен, искрен и двосмерен дијалог е вистинскиот начин за вистинско пријателство. Овој е однос во кој луѓето се заедно затоа што сакаат да бидат и ги интересира што другата страна има да им каже, а не затоа што мораат. Затоа разговорите со вистинските пријатели не се едносмерни и после нив немате чувство на „несфатеност“.

3. Кажуваат ако мислат дека не сме во право

Во изградениот одност на целосно почитување и рамноправност, никој не се плаши да го каже она што го мисли, но и да потенцира на туѓите грешки. Се разбира, тоа не подразбира често критикување, туку конструктивен приговор ако правиме нешто на штета на другите или на нас самите.

4. Пријателите се тука и ако се оди „надолу“

Животот е полн со добри и лоши работи. Вистинскиот пријател е тука и во моментите на отказ од работа, болниот развод, болести, па и во моменти кога несакаме никој друг покрај себе. Самото постоење на вистинскиот пријател во нашиот живот ни дава чувство на сигурност.

10 особини на вистинскиот пријател: Прифаќа, потикнува и е присутен

 5. Нивната присутност нè смирува

Со вистинскиот пријател не ни треба да разговарате, ниту пак да излегувате, дури некогаш самата негова присутност е доволна да ве смири. Студиите покажуваат дека луѓето кои имаат вистински пријатели имаат пониско ниво на вкупен стрес. Не е ни чудно што дружењето со нив се нарекува и „евтина психотерапија“.

6. Кога сме со нив ние сме скромни

Со вистинските пријатели лесно е да ги славите своите постигнувања и успеси, но истовремено тие се тука и кога треба да не „задржат на земја“. Со својот директен став и однесување ќе нè потсетат кои сме и од каде доаѓаме дури и во моментите кога сме занесени од своите успеси.

7. Пријателството им е приоритет

Без оглед на брачната состојба, децата, работата и сите останати други обврски во животот, вистинскиот пријател нема да престане да биде вистински. Еден од показателите дека некој ви е вистински пријател е онаа ваша внатрешна интуиција која ви вели дека секогаш може да сметате на него, и ако во било кое време го викнете кога сте во некоја неволја тој без размислување ќе дојде.

8. Присутни се

Луѓето кои се вистински пријатели знаат дека таквиот однос мора да се одржува. Затоа ако не сте во можност почесто да се гледате, тогаш тие редовно ќе ве бараат, па дури и да прашаат како сте. Затоа покрај сè вистинското другарство ги поминува сите одалечености и самото време.

9. Ни го чуваат грбот

Вистинските пријатели ќе ја заземат вашата страна дури и ако сите се против вас. Нема да ги искористуваат вашите тајни, ниту пак ќе ве исмејуваат пред другите.

10 особини на вистинскиот пријател: Прифаќа, потикнува и е присутен

10. Знаат да простат

Како и во сите други односи така и кај пријателските постојат повремени кавги и замерувања. Сепак искреноста да се признае дека сме згрешиле, но и да се пронајде во своето срце доволно сила да се прости, тоа пред сè е вистинското лице на другарството.

 

Доколку имате најдобар другар постирајте му го текстов!




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *