Панични напади: објаснување на појавата

Паничен напад е интензивно и многу непријатно доживување објаснето како краток период на интензивен страв или непријатност, при што симптомите се развиваат за многу брзо време и го достигнуваат својот максимум во просек од 10 минути. Нападите на паника може да се разликуваат по видот и изразеноста на симптомите, а за оние кои ги доживуваат е исклучително непријатно и застрашувачко искуство.

Телените симптоми кои ја карактеризираат состојбата на паника се знаци на возбуденост на автономниот (вегетативен) нервен систем и според DSM-V (дијагностички и статистички прирачник за психолошки нарушувања) потребно е да бидат присутни најмалку 4 симптоми, повеќе пати во рок од еден месец:

  • Палтипации и забрзана работа на срцето (тахикардија)
  • Треперење или тресење (тремор)
  • Препотување
  • Недостаток на здив или задушување
  • Чувство на гушење
  • Болка и притисок во градите
  • Мачнина или абдоминална болка
  • Чувство на вртоглавица, лабилност, несвестица и слабост
  • Чувства на нереалитет (дереализација) или чувство на одвоеност од себе (депрерсонализација)
  • Страв од губење контрола или полудување
  • Страв од умирање
  • Вкочанетост или сензации на трнење (парестезија)
  • Бранови на топлина и студ

Стравот од губење контрола, полудување и смрт се однесува на когнитивната (мисловна) содржина на паниката. Кај личноста доминира мислата дека ќе полуди (изгуби контрола над себе, направи нешто неразумно) или дека ќе се онесвести, умре,особено ако нема никој во близина да помогне. Когнитивната содржина на паниката се однесува и на идејата и доживувањето на деперсоналиација и дереализација.

Текот на паничниот напад се одвива во фази

Когнитивна фаза – верување дека нешто страшно ќе се случи, погрешно и инхибирачко заклучување.

Физиолошка фаза – се активира автономниот нервен систем, забрзана работа на срцето, вртоглавица, тремор на екстремитети, тресење, препотување, абдоминални сензации.

Афективна фаза – страв, психички блок, растројување, конфузија.

На основа на сето тоа, личноста заклучува дека е во опасност, дека ќе умре и/или полуди.

Нападите на паника ги следат и специфични облици на однесување: психомоторна вознемиреност (неможност за долго задржување на едно место, постојано движење), барање лекарска помош, изолација (повлекување во скојдневниот живот, да се биде на места и луѓе кои даваат сигурност и заштита, потреба да се прикажат и докажат присуство на тешки болести…

Секундарни последици на панично нарушување

Типично е јавувањето на т.н антиципирачки страв т.е страв од повторно јавување на паничен напад или избегнување на ситуации и луѓе каде личноста се чувствувала загрозено и ја асоцираат на доживеаниот паничен напад.

Во некои случаи почнува да се избегнува самостојно излегување од домот, страв да се најдеме во гужви и сл., а ако ваквото однесување се развива и зголемува, може да стане збор за развој на панично пореметување со агорафобија (страв од отворен простор). Паничното нарушување кое долго трае, може да се развие во состојба на депресија.

Какви видови на панични напади постојат?

Неочекуван паничен напад: се јавува поради изложеност или можна изложеност на нешто од што личноста се плаши. Вообичаено е присутен специфичен склоп на околности, често ист или сличен и повторувачки (пр. јавно место, гужва, на концерти и сл.)

Ситуациионо предиспониран паничен напад: овој вид напад на паника е сличен на претходниот, освен што некои ситуации не предизвикуваат секогаш паника.

Третман на панични напади

Психотерапијата се препорачува како ефикасен првичен избор за третман на панични напади. Ова може да ви помогне да ја разберете појавата на панични напади и да се справите со нив.

За да забележите значајни резултати потребно е време и посветеност. Може да забележите како се намалуваат паничните напади по неколку недели, а често симптомите значајно се намалуваат или ги снемува по неколку месеци.

Фармакотерапијата може исто така да помогне во намалувањето со симптомите и справувањето со состојбата. Доколку не забележите подобрување, консултирајте се со психојатарот за промена во терапијата. Исто така, имајте на ум дека потребен е период од неколку недели за да почне да се чувствува ефектот од терапијата. Доколку имате проблематичен став кон земање лекови за подобрување на психичката состојба, разговарајте со професионалец за ментално здравје од кој ќе ги добиете вистинските информации за тоа кои се ефектите од фармакотерапијата, какви промени да очекувате, дали има нус појави и други пропратни прашања кои лично вам ве интересираат.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.