Писмо до една терапевтка

Драга терапевтке(ки),

Како што знаете, се гледам со вас од своите 18 години. Се борев со анксиозност и депресија во средно училиште, но бев во првиот семестар од првата година на универзитет кога мојата анксиозност стана преголема. Учејќи шест различни предмети, делејќи мала спална соба со странец, учејќи од многу книги и потоа минувајќи низ тестови додека во меѓувреме работев со скратено работно време, времето на факултет брзо стана повеќе отколку што можев да се справам сама.

Терапијата на мојот универзитет беше бесплатна и јас, како што знаете, со задоволство ја искористив предноста од неа. Индивидуална терапија, групна терапија – сето тоа го правев низ четири и пол години (благодарам, патем, што ми овозможивте да доаѓам толку често).

Благодарна сум што имав храброст да побарам помош и да почнам да се справувам со навистина сериозната болка која ја држев уште од времето кога бев мало девојче. Бидејќи на крајот од мојата прва година, една недела пред завршните испити, еден ден пред денот на мајките, мојата мајка изврши самоубиство. И вие бевте таа која ми помогна да се справам со оваа крајно тешка болка.

Горда сум што ќе кажам дека од тогаш постојано се гледав со вас од време на време. Па… не сум секогаш горда што сè уште се борам со анксиозност и стари рани од детството и дека, понекогаш, се наоѓам толку фатена во својата глава што ми требате да ме вратите во реалноста, но не се срамам од овие работи.

Причината поради која ви го пишувам ова писмо е за да ви дадам до знаење дека буквално ми го променивте и спасивте животот. Создадовте безбеден, свет простор кој ми дозволи да бидам целосно ранлива, да споделам работи кои не сум ги споделила со никого и да ме поддржите на начин кој ниеден пријател не можел.

Преку скршено срце, нови љубови и уште кршења на срцето, годишнините од смртта на мајка ми, славењето за нови работни места, помагање да се справам со отпуштања од ново работно место, славењето со мене повторно кога добив работа 6 недели подоцна. Што ми дозволивте да го спуштам мојот товар – бевте единственото добро.

Покрај поддршката низ многу подеми и падови на мојот пат, тоа на што сум најмногу благодарна е вашата способност да ме видите, и обратно и уште поважно, што ми помогнавте да се видам себе си. За овој дар сум ви вечно благодарна.

Ви благодарам за: што ме сакавте кога јас не можев да се сакам, за вашето сочувство, милост, љубов, поддршка и охрабрување во последните 13 години. Не би била жената која што сум денес доколку вие не бевте жената која што сте. Ви благодарам што ми помогнавте да се променам и спасам себе си.

Со љубов,

Б.

Автор: Brittney Pappano



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.