Пижама забава: идеално време за да го поминете со пријателите

Празниците се на вратата, на сите страни се планираат забави и журки. Во ова време посебно уживаат децата на кои им доаѓа зимскиот распуст. За многу од нив празниците и слободните денови се многу долги и им недостигаат пријателите. Затоа, во овој период често може да ги слушнете како ве молат да ги пуштите да преспијат кај некој свој другар или другарка. На повеќето родители во тој момент ќе им дојде на мисла луда забава во пижами, но овие молби само преставуваат знак дека вашето дете сака малку повеќе слобода, велат психолозите.

Пижама забава: идеално време за да го поминете со пријателите

Кога и под кои услови може едно дете да преспие кај своите пријатели, пред сè зависи од возраста и од зрелоста на детето и затоа нема универзален одговор на ова прашање. Битен фактор што овде игра улога е на пример, дали детето веќе имало вакво преноќување порано. Исто така, за родителите е важно да го знаат семејството во кое детето ќе оди, на тој начин и самите родители може да се опуштат и да го пуштат детето во домот во кој сметаат дека родителите се одговорни. Исто така, многу битно е доколку детето не го направило тоа порано да му се каже дека може да се јави дома кога и да посака и дека вие ќе бидете тука за него за било што и да му затреба, или доколку евентуално се предомисли и сака да си дојде дома.

Ова време од годината е можеби идеално за вакви „излети“, затоа што децата немаат предавање и обврски. Тоа значи дека тие може да се посветат на играњето, а родителите не мора да се заморуваат со тоа дали ќе ги исполнат школските обврски на време. Ако ни по разговорот со детето не сте сигурни дека тоа е добра идеја, тогаш тоа може да го одложите за некоја друга прилика.

Ако децата бидат без надзор, доколку немате доверба во семејството каде што оди вашето дете или доколку самото дете не ви покажало дека е доволно одговорно за да му верувате, во тој случај одлуката за да преспие кај некој друг би требало да ја одложите за понатаму.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *