Подигнување на свесноста за шизофренијата

Rethink Mental Illness е организација која ја подготви кампањата за „недела на шизофренијата“, во чии видеа учествуваа лица кои се борат со оваа  болест. 1 во 100 луѓе се борат со шизофренијата. Многу од нив се соочуваат со дискриминација, а целта на оваа кампања е тоа да го промени. Нивните реакции се емоционални, а пораката е јасна: со правилен третман и поддршка, животот може да им се подобри.

Нивното видео беше споделено со учесниците на семинарот за Душевни и невротски растројства кој се одржа на 15ти ноември 2015 година во Скопје, а го подготви Здружението ПСИХОИНТЕГРА.

Во продолжение можете да ги погледнете нивните приказни поделени во кратки видеа.

Премногу луѓе мораат да чекаат предолго за да дојдат до помошта која им е потребна. Оваа организација се бори тоа да го промени..




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.