Подоцното започнување со школскиот ден го подобрува спиењето и дневните активности во адолесценцијата

Една студија пронаоѓа поврзаност меѓу подоцното започнување на предавањата на училиште и подобреното расположение и спиење кај тинејџерите.

Студијата која е објавена во Journal of Developmental & Behavioral Pediatrics, го одложила станувањето за на училиште кај тинејџерите во еден приватен интернат, за само 25 минути.

Подоцното започнување со школскиот ден го подобрува спиењето и дневните активности во адолесценцијата

Откако го направиле ова, бројот на тинејџери кои што спиеле 8 часа континуирано пораснал од 18% на 44%.

На сето ова, студентите кои биле будни во текот на денот, биле помалку депримирани и користеле помалку кофеин.

Незачудувајќи, оние кои најмногу искористиле од ова, биле студентите кои секогаш биле најпоспани на училиште.

Водечкиот автор Julie Boergers, експерт за спиење објаснува:

„Пореметувањето на сонот е епидемија помеѓу адолесцентите, со потенцијален сериозено влијание на менталното, физичкото здравје, безбедноста и учењето. Раното започнување на предавањата допринесува за овој проблем. Многу тинејџери поминуваат низ биолошко изместување на доцно легнување – будење, кое може да го направи раното станување навистина предизвик. Во ова истражување ние видовме дали мало поместување на времето на започнување на наставата, а со тоа и на времето на станување, може да го промени начинот на спиење, самото спиење, расположението и употребата на кофеин кај студентите.“

Причината зашто многу адолесценти имаат пореметување и недостаток на сон, е дека на нив им треба повеќе спиење отколку на возрасните, но често го немаат доволно.

За разлика од возрасните, на адолесцентите им треба 8,5 до 9,5 часа спиење во текот на ноќта.

Американските училишта почнуваат околу 8 часот и бидејќи тинејџерите не можат да заспијат пред 11 часот, тие едноставно немаат доволно часа сон во текот на ноќта.

Julie Boergers продолжува:

„Резултатот од ова истражување само се надоврзува на големиот број други истражувања кои ја потенцираат важноста и бенефитот врз здравјете кај учениците кои почнуваат покасно со предавањата. Ако ние ги усогласиме школските распореди со потребите на адолесцентите во тој случај ќе имаме многу повеќе будни студенти, повеќе фокусирани, среќни и подготвени да учат. Но, најважно од сè, нема да бидат зависни од кофеин и енергетски пијалоци за да останат будни за време на предавањата.“

Подоцното започнување со школскиот ден го подобрува спиењето и дневните активности во адолесценцијата

Други истражувачи пронашле поврзаност меѓу раното станување и намалените академски перформанси, лошото расположение, па сè до повеќето сообраќајки.

Резултатите од истражувањето се битни, но подоцното започнување со предавањата сè уште останува контроверзно.

Она за што сите родители се бунат е дека подоцното започнување со предавањата остава помалку простор за дополнителни активности кај децата.

Но, нема никакви докази од ова тврдење кај студентите кои биле подложени на подоцното станување со нивните атлетски и останати активности. Тие биле исти како и пред започнувањето на истражувањето.

Студентите наместо да бидат исцрпени во попладневните часови, имале повеќе енергија за да ги завршат сите нивни обврски.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.