Поразот во кариерата е прилика да станете најуспешни во вашата професија

Не постои пораз, само повратна информација во врска со тоа што не сме направиле за да ја постигнеме целта, кои се причините поради кои не сме го постигнале посакуваниот резултат. Додека светот сè уште зборува за еден од најнезгодните порази, оној во кој репрезентацијата на Бразил изгуби од Германија, сепак не треба да биде сè така црно. Иако бразилците многу грешеа, во работата грешките се неизбежни.

Поразот во кариерата е прилика да станете најуспешни во вашата професија

Кој работи тој и греши. Но, најважното е да не ја повторите истата грешка одново. Со тој став се приближуваме повеќе кон една категорија на умешност, а тоа е да бидеме што е можно подобри без разлика на можностите кои ни се дадени.

За да напредуваме треба и многу добро да ја познаваме својата конкуренција. Без неа не сме во состојба со точност да ја процениме нашата вредност и способност. Таа нас не тера да бидеме подобри, поразлични, ни дава прилика да учиме побрзо и да ги поместиме границите на тоа што до сега сме го постигнале. Конкуренцијата треба да ја прифатиме, пратиме и никогаш да не ја потценуваме. Најбитно е да учиме од грешките на конкуренцијата.

Во денешно време нема стоење во место. Или сме брзи или ќе не снема во наредниот натпревар. Иако сме денес можеби најдобрите играчи, не мора да значи дека и утре ќе ја имаме таа доминација.

Тимски успех

Не можете да ја градите играта на еден играч. На работа, исто како и во фудбалот, победува тимот, а не поединецот, па колку и да бил способен.

Покажете сè

Силата и моќта можеме да ја измериме дури тогаш кога ќе ја споделиме со најдобрите. За да се увериме во моќта ни треба докази, а не само чуство.

Поразот во кариерата е прилика да станете најуспешни во вашата професија

Ништо не е сигурно

Тоа што некогаш сте биле најдобри не значи дека засекогаш сте го загарантирале успехот. Морате постојано да се докажувате.

Внимавајте

Можноста да влијаете врз клучните играчи на пазарот и теренот не преставува предуслов за успех. Треба да учите од конкуренцијата.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.