Постојано се грижите? Постои начин да си помогнете

Грижите се дел од човековото живеење. Иако непријатни, тие имаат и корисна улога така што ни помогнат да се соочуваме со животните предизвици, да креираме стратегии и планови за справување и постигнување цели кои се значајни за нас. Од друга страна, со пренагласување на грижите и стравовите често знаеме да си ја нарушиме психичката добросостојба. Некои луѓе запаѓаат и во постојани шеми на вакво несоодветно (на реалноста) емоционално реагирање и однесување. Така, постојаната грижа ни ја нарушува концентрацијата, продуктивноста и расположението.

Постојано се грижите? Постои начин да си помогнете

Постојаното грижење е штетно за нас поради неколку причини. Прво, луѓето кои многу се грижат често гледаат дека грижите не водат кон ништо од тоа за што се грижеле. Со други зборови, катастрофалните сценарија не се реализираат. Прво што би помислиле дека ваквата личност ќе го напушти овој систем на постојано грижење, поради тоа што катастрофалните предвидувања никогаш не се остваруваат. Но, всушност се случува спротивното. Тоа се случува бидејќи мозокот има тенденција да ја побркува поврзаноста причина – последица. Во овој случај, бидејќи грижите се поврзуваат со тоа работите да излегуваат на добро, загрижените почнуваат да веруваат дека грижите се тие кои ги доведуваат работите да излегуваат работите на добро, што секако е погрешно. Оттука, загрижените луѓе имаат тенденција да ги зголемуваат нивните грижи, како резултат на пропаднатато предвидување на катастрофа. Со време се воспоставува погрешно верување во форма на суеверие за причинско последичната поврзаност на грижите и поволните резултати на настаните во животот (ако се грижам, нема да дојде до катастрофичните сценарија кои ги предвидувам).

Исто така, оние кои имаат развиено навика на постојана грижа, состојбата без грижи ја доживуваат како нова и вознемирувачка (надвор од зоната на комфор). Па затоа може да си велат „Зошто не сум загрижен/а?“, „Нешто не е во ред со мене!“. Старите навики тешко умираат, но тоа сепак не е невозможно.

Во едно истражување Дејвид Барлоу, идентификувал две главни когнитивни дисторзии кои ги карактеризираат грижите. Прво грижите имаат тенденција за „преценување“, шансите да се остварат сценаријата секогаш се замислуваат високи. „Гласот на загриженоста“ ги игнорира реалната веројатност и секогаш предвидува неизбежност. Второ, грижите секогаш имаат тенденција за „катастрофалност“ при што последиците од сценариото кое предизвикува грижи се замислува во негативна крајност. Гласот на грижите нема градација и секогаш го предвидува најлошото.

Имајќи ги предвид главните карактеристики на грижите, внатрешниот разговор треба да вклучува две главни прашања:

  • Колкава е навистина веројатноста за настанот? Ова се однесува на грешката на преценување. Иксреното разгледување на вистинските можности дека ќе се случи негативното сценарио може да ни помогне да правиме разлика меѓу оправданите, корисни грижи, наспроти неоправданите, бескорисни грижи.
  • Колку е навистина катастрофичен настанот? Ова прашање се однесува на грешката на негативната проценка. Ова прашање ни помага да правиме разлика меѓу екстремната, реална закана (куршум), од неекстремната „бенигна“ закана (дијабола).

Овие прашања, имаат 4 комбинации на одговор од кои 3 се позитивни.

  1. Настан кој е неминовен (висока веројатност), но не мора да е ужасен (ниска катастрофичност). Таквите настани не се крај на светот, тие всушност се дел од секојдневното живеење.
  2. Настан кој е катастрофичен, но тешко веројатен да се случи.
  3. Тешко веројатен, секојдневен настан кој не е загрижувачки.

Откако ќе ги процените грижите на овој начин, станува јасно дека спротивно на когнитивните дисторзии кои се специфични за луѓето кои се грижат, повеќето настани кои имаат голема веројатност да се случат не се катастрофични, а повеќето катастрофични настани имаат мала веројатност да се случат.

Важно е да се нагласи дека ваквиот внатрешен разговор не бара да се спротивставите на негативните мисли со позитивните. Наместо тоа, со него се заменуваат несоодветните, неточни мисли (когнитивни дисторзии) со точните, соодветни на реалноста мисли. Со други зборови вистината да ја замени лагата. Исто така, мора да ја прифатиме можноста дека некогаш во животот ќе се соочиме и со катастрофален настан. За среќа таквите настани се ретки, но преку нив препознаваме дека животот е кршлив и минлив, што е добра причина да се откажеме од непотребното грижа и да почнеме да живееме.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.