Потеклото на јазикот: Неандреталците можеби биле способни да зборуваат

Иако сакаме да мислиме дека човечкиот јазик е уникатен, едно ново истражување сугерира на тоа дека Неандреталците можеби збореле на некој јазик кој и не се разликувал многу од денешниот.

Научниците верувале дека Неандреталците кои живееле овде на земјата пред илјадници години, го немале ниту физиолошкиот ниту свесниот капацитет за говорење на некој јазик.

Потеклото на јазикот: Неандреталците може биле способни да зборат

Но, ново истражување доаѓа до микроскопски x-ray слики од подјазичната коската која е битна за движењето на јазикот и за голтањето.

60.000 години старите остатоци од Неандреталец биле пронајдени во Израел во 1983 година.

Иако формата на подјазичната коската била речиси иста со нашата, но со технологијата која била на располагање во 1983 година, било невозможно да се докаже дека Неандреталците биле способни да зборуваат.

Сепак, сега едно ново истражување објавено во PLoS ONE сугерира дека јазикот може да е многу постар отколку што се сметало претходно.

Еден од авторите на студијата Stephen Wroe објаснува:

„Преку анализа на механичките однесувања на овие фосилни коски преку x-ray слики, ние бевме способни да конструираме модели од внатрешната структура на подјазичната коска.

Потоа ние ја споредивме со онаа на модерните луѓе.

Нашето споредување покажадека во однос на механичкото однесување Неандреталската подјазична коска била речиси иста како нашата, сугерирајќи дека клучниот дел од вокалниот дел од телото бил користен на ист начин.

Од ова истражување можеме да заклучиме дека е возможно настанокот на говорот и јазикот да бидат многу постари од тоа што се мислело до сега.“

Сличностите кај подјазичната коска не докажуваат дека Неандреталците можеле да зборуваат. Сепак, за се потврди такво нешто со сигурност, ќе треба да се презентираат уште докази.

Ова е едно интересно истражување кое покажува дека Неандреталците имале основни вокални компоненти.

Дали ги имале и потребните свесни компоненти за говорење е веќе друго прашање, кое е многу потешко да го дознаеме.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.