Прашања преку кои дознавате повеќе за вашиот сексуален живот

Секоја личност има своја сексуална биографија. Таа ги опфаќа пораките и искуствата кои сме ги добиле и стекнале за нашето тело, за задоволството, голотијата , допирот…

Многу луѓе на ова гледаат како на нешто несвесно или незначајно, но истите ги формираат нашите искуства и целокупниот пристап кон релациите и сексуалноста како возрасни лица. За да создадеме и да одржиме страст и желба, битно е да погледнеме подлабоко во „приказните“ кои сме ги добиле за родот и сексуалноста.

За да допрете до истите, Esther Perel, една од најизвонредните сексуалени и партнерски психотерапевти на денешницата, препорачува искрено да одговорите следните прашања. Дополнително, запишете ги на хартија сите ваши мисли, сеќавања и искуства како одговори  на прашањата:

Кои се првите пораки кои сте ги добиле за сексот?

Навратете се на вашите сеќавања за сè што било кажано, видено или наметнато како тема за сексот во вашето детство. Дали сексот била тема од која би требало да се плашите или да се избегнува? Дали сексот се сметал за некаков предаторски чин или нешто што може да биде посакувано?

Дали телото и допирот (дури и во асексуална смисла) било нешто од што сте се срамеле, или се пренело како нешто што е љубовна размена (како држење за рака или прегратка меѓу родителите). Дали сте биле посрамени или понижени на некој начин, а било поврзано со сексуланоста? Дали ви било непријатно да зборувате за тоа? Можеби пристапот бил преку информирање на ниво на биолошка функција, како телесен чин кој води до репродукција..? Или бил претставен како моќен начин за поврзување и доживување на љубов, поврзаност и блискост…?

Што сте направиле со тие пораки?

Пораките стекнати во детството се вградуваат длабоко во нас и ги оформуваат нашите верувања, вредности и искуства. Продолжете ги следните реченици и видете како тоа се одразува на вас:

  • Добрите девојки (не)…
  • Вистинскиот маж (не) би…
  • Вистинската  жена (не) би…
  • Можам да доживеам оргазам само ако…

Колку овие прашања придонесоа да се отворите или да се затворите?

Сите имаат одредени нешта кои ги стимулираат или инхибираат кога станува збор за сексот. Тоа се нешта кои нè спречуваат или не поттикнуваат. Стимулаторите може да се однесуваат на одредени мириси, визуелни контакти или специфичен тип на допир. Нештата кои нè спречуваат, може да бидат поради страв да бидеме фатени, чувство  дека не сме сексуално атрактивни, страв од бременост или дека ќе добиеме сексуално пренослива болест. Кои се нештата кои вас ве стимулираат или инхибираат?

Дали сексот беше централна или периферна тема во семејството додека растевте?

Терапевтите кои работат во овaa област велат дека поголемиот дел од луѓето, на прашањата од терапевтот одговараат дека сексот бил нешто за што тие никогаш не зборувале во рамки на семејното окружување, дека бил табу-тема и периферен. Но, со подлабинското истражување во процесот, сметаат дека секогаш различни приказни излегуваат на површина. На пример, дали сте биле злоставени и принудени да го чувате тоа  како тајна која ве прави да се чувствувате„валкано“ и оштетено? Дали постои премолчено неверство во семејството? Дали сексот никогаш не бил споменат или скриен?

Според терапевтите, откако ќе се истражат сите изјави дека сексот е тема која била поттиснувана и избегнувана, ретко кога некој остнувал со непроменета првична изјава дека сексот бил периферана тема. Парадоксално, она што е неизговорено расте во својата големина и тежина. Истражете го ова прашање и видете до што ќе дојдете.

This image has an empty alt attribute; its file name is Przylapani-na-czulosci.-Intymne-fotografie-odslaniaja-kurtyne-milosci-GALERIA.jpg

Дали вашето сексуално искуство ги утврдиле уште повеќе или ги измениле пораките кои сте ги добиле во детството?

Дали сте имале сосем поинакво искуство од пораките кои сте ги добиле како дете или истите биле потврдени? Размислете за минатите и неодамнешните искуства и истражете како она што примарно сте го научиле за сексот ги обликувал вашите искуства или отвориле нови можности за пристап кон сексуалноста.

За крај, одберете ЕДНА порака за сексот која сте ја восприемале и сакате да ја промените. Кој мит сакате да го отфрлите? Преку идентификација на тоа што е присутно во вас – говорејќи за тоа, гледајќи во него, и уште повеќе преку споделување со другите, станувате подготвени да започнете повторно процес.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.