Прашања за сексот кои секој пар треба да ги одговори

Планирањето на венчавката е навистина напорно и возбудливо во исто време за секој пар. Но, во гужвата со покани, избирање на бои, програми, облека, многу е важно да се планира тоа што ќе дојде по венчавката. Како психотерапевт специјализиран за секс терапија, Vanessa Marin предлага да се посвети посебно внимание на еден битен аспект – на вашиот иден сексуален живот.

Прашања за сексот кои секој пар треба да ги одговори

Таа вели дека кај неa доаѓале парови кои сè уште не биле венчани и парови кои веќе подолго време биле во брак, но имале проблеми со сексуалниот живот. Секој сексуален живот на паровите неизбежно ќе има прилив и одлив, но според нејзиното искуство вели дека паровите кои одвоиле време за да разговараат во врска со сексот пред да се венчаат, се повеќе успешни отколку оние кои не го направиле тоа.

Нејзиниот предлог е паровите да седнат заедно и да разговараат околу неколку важни прашања во врска со нивниот сексуален однос. Зборувањето за сексот е нешто што е осетливо, затоа таа вели да се обидете да седнете во некоја пријатна атмосфера: може да запалите свеќа, пуштете некоја тивка музика или ставете си две чаши вино. И пред да почнете со прашањата прифатете го моментот на анксиозност и антиципација и заблагодарете му на партнерот однапред за неговата желба за ваква искрена комуникација.

Кои се нашите сексуални силни и слаби страни?

Ако се чуствувате вознемирени во врска со разговорот за сексот, добар начин за да го започнете е да зборувате за вашите омилени сексуални спомени. Кој е најдобриот секс што сте го имале заедно? Што можете да направите најдобро вие двајца? Потоа размислете на потенцијалните области кои можете да ги подобрите. Имајте на ум дека сексот е нешто во кое секогаш можете да бидете подобри – нема да достигнете точка во која ќе речете дека веќе нема нешто ново за учење. Не мислете на дискусијата како на критика, но како на можност да идентификувате нови начини за вас двајцата да работите на заедничко подобрување – „Можеме да поминуваме повеќе време во предигра“ – на пример.

Како можеме интимноста да ја поставиме за приоритет?

Ова е првото прашање што Ванеса им го поставува на своите клиенти и тие секогаш одговарале на ова со поглед како да сакале да кажат „Ние не знаевме дека мораме да го правиме тоа“. Но треба! Да имате постојано феноменален секс бара од вас напор. Вие морате да преземете активни чекори за да најдете време и простор за интимност. Можностите може да вклучуваат закажување на определени датуми за средби, да го однесете детето кај некој да го чува или пак да одите на романтични излети.

Како мислиме дека сексуалниот живот ќе се промени низ годините?

Ќе поминете низ многу периоди заедно, вклучувајќи ја можноста да имате деца заедно, преселување, промена на работа, губење на блиските или да поминувате низ менопауза. Сите овие работи може да имаат значително влијание на вашиот сексуален живот. Секако дека вие не можете да ги антиципирате сите промени. Но, важно е да зборувате во врска со тоа како би биле насочени кон зачувување на вашиот сексуален живот кога ваквите моменти би се случиле.

Како ќе ја одржуваме искрата запалена?

Ќе имате заеднички секс со декади и тоа може да стане здодевно навистина брзо, ако го правите тоа секој пат на ист начин. Зборувајте за работите што сакате да си ги правите еден на друг и зборувајте за вашите сексуални фантазии и интереси за кои се чувствувате пријатно доколку би ги пробале. Ванеса им предлагала на своите клиенти да направат список за нивните црвени, жолти и зелени зони. Црвените се работи кои не сакате да ги направите, жолтите се оние за кои сте несигурни, додека зелените се оние за кои сте целосно подготвени да ги направите. Правејќи ги овие листи може да биде навистина забавен начин за да ја одржите хемијата и понатаму.

Што ќе правиме кога ќе се расправаме во врска со сексот?

Голема е веројатноста дека ќе имате расправи во врска со сексот, некогаш во вашата врска. Доколку имате определен план пред да се случи тоа може да го направи таквиот конфликт повеќе решлив. Дали имате комуникациски стратегии за кои знаете дека функционираат добро во вашата врска? Дали имате секс терапевт или брачен советник на кој можете да му се јавите?

Како може секој од нас да продолжи да си ја негува својата индивидуалност во врска со сексуалноста?

Можеби сте во брак, но и понатаму ќе го имате односот со вашето тело и вашите сексуални потреби. Што може секој од вас да направи со цел да го задржи тоа? Примерите може да вклучуваат чести вежби, мастурбирање, да пронајдете начини да го минимизирате стресот или да пробате индивидуална секс терапија.

Прашања за сексот кои секој пар треба да ги одговори

Кои се нашите желби за медениот месец?

Многу парови одат на медениот месец со многу големи очекувања, но реалноста е дека половина од паровите се преуморени дури и да имаат секс на нивната брачна ноќ! Обидете се да создадете реални очекувања и да зборувате за тоа што е најважно. Дали сакате да го фаворизирате сексот над сите останати други активности за време на вашиот меден месец? Дали сакате да експериментирате со нешто ново (позиции, играчки или долна облека) или сакате да имате нежен интимен секс?




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.