Правила кои секој пар треба да ги постави

Технологијата треба да ни го направи животот полесен, но некогаш знае и да ни донесе компликации, особено во нашите романтични врски.

Еден голем проблем за паровите во денешното време е нешто што се нарекува технолошка некомпатибилност. Кога еден пар е технолошко некомпатибилен, тие имаат различни вредности, перцепции или однесувања поврзани со користењето на комуникациската технологија. На пример, дечко и девојка може да не се согласат кога е прифатливо да се јават или да пратат порака со цел да зборуваат за нешто поврзано со нивната врска. Или можеби тие ќе имаат различни ставови за тоа што е дозволено да споделуваат во врска со нив на Facebook.

Правила што секој пар треба да ги постави

Воспоставете правила

Најдобар начин да се справите со технолошката некомпатибилност е да зборувате за неа со вашиот партнер и да воспоставите заеднички правила во врска со користењето на технологијата. Без разлика дали сега сте почнале да идете заедно или веќе сте подолго време заедно, овие работи треба да ги земете во предвид:

♦ Дискутирајте кога е прифатливо да користите мобилен телефон додека сте заедно

Направете листа на вашите заедни активности: јадење дома, одење во ресторан, гледање на телевизија во дневната соба, спиење во кревет наутро или попладне. Дали сметате дека е прифатливо да бидете на телефон во сите од овие ситуации? Дали е здраво и продуктивно за вашата врска ако сте цело време на телефон? Доклку не се согласувате, дојдете до прифатлив компромис (на пример, само доколку е поврзано со работа, или можеби само наутро да го користите телефонот додека сте во кревет но никако пред да заспиете навечер).

♦ Кажете им ги правилата и на другите

Ако вашата мајка има навика да постојано ви звони се додека не кренете, кажете и дека вие и вашиот партнер имате договор во врска со јавувањата. Доколку вашите пријатели ви праќаат пораки и очекуваат веднаш да им вратите, дајте им до знаење дека вие поминувате време со партнерот и вашите одговори на нивните пораки треба да почекаат. Колку повеќе другите ќе го почитуваат вашето време заедно, толку помалку ќе бидат и прекинувањата со кои ќе треба да се справите.

♦ Разговарајте за специјалните околности за кои имате потреба да го користите вашиот телефон

Има ситуации од кои не може да се ослободите од вашиот телефон. Кога има такви исклучоци кажете му ги на вашиот партнер, не помислувајте дека тој или таа секогаш ви ги знаат вашите обрски.

Исто така би било прифатливо да поставите и различно звонење за секоја различна група на луѓе. На пример за колегите, за членовите од семејството или некој друг важен човек, се со цел да ги игнорирате другите телефонски повици.

Правила што секој пар треба да ги постави

♦ Кажете му на партнерот доколку не сте среќни

Нема апликација за читање на расположението. Доколку ви смета начинот на кој вашиот партнер го користи телефонот, кога ќе заврши со разговорот учливо замолете го да го тргне на страна. Немојте да гледате непрекинато во него или пак и вие да го земете вашиот телефон и молчејќи да му се одмаздувате или пак да користите пасивно агресивни коментари се со цел да очекувате да бидете сфатени дека ви смета неговото однесување.

♦ Ако вашиот партнер побара од вас да го оставите телефонот, направете го тоа

Правилата во врската функционираат само тогаш кога двајцата партнери ги почитуваат. Немојте да се жалите и немојте да викате „само минута“ и да продолжите да се допишувате уште пет минути. Земете го ова како комплимент: вашиот партнер само сака да помине квалитетно време со вас без вашиот телефон.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.