Предлог филм: Inside Out

Ова е прв предлог за филм на нашата страна, кој вреди да се погледне дури и доколку не сте љубители на анимирани филмови.

Искористени се 5 (од 6те) базични емоции во форма на ликови, кои ни покажуваат дека сите ние ги доживуваме и тие се всушност универзални. Можеби и најважната порака од филмот е дека сите емоции се важни, буквално секоја од нив. Сите тие служат на важна функција и не можеме селективно да доживуваме една, но не и другите.

Тагата ни овозможува да оствариме конекција, па во оној момент кога гледаме дека некој друг се чувствува тажен, можеме и ние да се растажиме (наречено емпатија), односно може да посакаме на некој начин да ја поделиме или олесниме тагата (сочувство). Филмот нè потсетува дека можеме да доживееме и повеќе емоции истовремено, дури и да се спротивни како среќата и тагата.

И другите луѓе, исто како и ние можат да се борат со истите емоции, несигурност, болка..



Психолог, Семеен и системски советник. Лиценциран од Комора на психолози на РМ. Претседател и основач на Здружение Психоинтегра. Работно искуство во областа на клиничката психологија. Советувач во психолошко советувалиште на Здружение Доверба и координатор на проекти од областа на зависностите и психодијагностиката.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *