Приказна за мајката која не сакала да чека

Ема имала 15 месеци кога нејзината мајка Ребека забележила дека таа не користи многу зборови како останатите деца на нејзина возраст. Како професорка која работела со деца, Ребека била запознаена со говорните вештини на децата кои требале да ги достигнат на одредена возраст и забележала дека Ема не ги достигнала.

Но, семејството на Ребека и кажало да не се грижи, бидејќи таткото на Ема имал одложено „прво зборувањење“ и дека Ребека исто така подоцна ќе почне да говори нормално. Тие и рекле дека најверојатно тоа е генетско преодредено и дека таа треба само да почека.

Прикаска за мајка што не сакала да чека

После три месеци Ребека станувала се позагрижена во врска со развојот на говорот на нејзината ќерка. Ако Ема има некакво задоцнување во развојот, Ребека одлучила дека ќе направи сè што е можно за да и помогне пред тоа задоцнување да стане многу посериозно.

Кога имала 18 месеци, Ребека ја однела на специјалист за говор и јазик, кој ја идентификувал како дете кои има одложување на зборењето, но кое се развива нормално според очекувањато за таа возраст. Специјалистот ја упатил Ребека до Hanen Centre’s Target World Program. Ребека не знаела ништо во врска со оваа програма, но разбрала дека програмата е наменета за деца кои имаат одложено зборување. Оваа програма била предводена од страна на Hanen Certified јазичен специјалист и обучен тренер за говор.

На оваа програма Ребека научила едноставни стратегии кои може да ги примени кај Ема со цел да и помогнат да го надоградува нејзиниот вокабулар. Преку мали, но значајни промени во нејзиниот стил на интеракција, Ребека и помогнала на Ема да почне да користи повеќе зборови и да има поголема интеракција со другите. Ема продолжила да напредува и сега таа збори како и останатите деца на нејзина возраст.

Кога ја прашале каков совет ќе им даде на другите родители чии што деца изгледа дека бавно учат да зборуваат, Ребека одговорила:

„Ако имате било какви грижи, веднаш однесете го вашето дете на специјалист за говор. Дури и да нема потреба, ќе бидете сигурни дека вашето дете е на правиот пат и нема за што да се грижите. Јас лично видов како тоа и помогна на Ема, но исто така и на нас како семејство. Сега знаеме како подобро да комуницираме со неа и веќе гледаме големо подобрување кај неа. Таа повеќе сака да излегува и да се дружи со нејзините врсници и не е толку срамежлива. Видовме голема разлика, не само во нејзиниот говор, туку и во други области исто така“.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.