Природата на емоциите

Доколку сакате да имате подлабоко разбирање за природата на емоциите, според John Marshall Reeve, треба да побарате одговори на пет подлабоки прашања поврзани со емоциите.

Природата на емоциите

Петте подлабоки прашања мора да бидат сфатени со цел да се подобри нивното разбирање. Ова вкучува:

  1. Што претставува емоцијата?
  2. Што предизвикува емоцијата?
  3. Колку видови на емоции постојат?
  4. Што има добро во емоциите?
  5. Што е разликата помеѓу емоцијата и расположението?

Епа ајде да почнеме едно по едно…

1. Што е емоцијата?

Merriam-Webster ја дефинира емоцијата како потсвесна и субјективна ментална реакција, насочена кон определен настан и скоро секогаш е придружена со менување на физиолошкото и физичкото однесување на личноста. Од оваа дефиниција можеме да заклучиме дека емоцијата има четири компоненти: потсвесна реакција, физиолошка реакција, физичка реакција и влијание. Потсвесната реакција се однесува на човековата меморија, размислувајќи и перцепирајќи одреден момент. Физиолошката реакција примарно е предизвикана од промени во хормоналното ниво во телото. Од друга страна, физичката реакција ја сочинува активната страна на емоцијата. Последно, влијанието или ефектот ја вклучува позитивната или негативната состојба на емоцијата и тоа е тоа што ја прави самата емоција свесно и субјективно доживување.

Ајде да употребиме едно сценарио за поедноставно да ги разбереме овие аспекти на емоцијата. Претпоставете дека сте сами доцна навечер и дека гледате страшна телевизиска емисија. Ја гледате форма на ликот од оваа емисија и мислите дека тој/таа е многу страшен и заплашувачки (свесна реакција). Поради ова размислување, вашето лице покажува страв кон ликот (ефект). Личноста трча кон противникот, а вие одеднаш чуствувате како вашето срце чука позабрзано (физиолошка реакција) и веднаш ги покривате вашите очи со рацете (физичка реакција).

2. Што предизвикува емоцијата?

Постојат неколку теории кои даваат објаснување поврзано со настанокот и процесот на емоциите и што всушност ги предизвикува истите. Овие теории го користат концептот на емоционално надразнување, физиолошка реакција и/или субјективната перцепција/интерпретација на настанот во формирање на хипотеза од емоции и нивни причини. Во раните теории за емоциите се гледа разлика помеѓу потсвесната и биолошката реакција како причина за емоцијата, објаснета во теоријата на James-Lange и во теоријата на Cannon-Bart. Од друга страна пак, има теории кои што користат двосистемски пристап, како на пример теоријата на Schachter-Singer. Имајќи длабоко знаење во овие теории допринесува за подобро разбирање на теоретските причини на емоциите.

3. Колку видови на емоции постојат?

Според дефиницијата емоциите се субјективно доживување. Има повеќе од 7 милијарди луѓе на планетава и секој од нас доживува различни видови на емоции. Поради оваа причина нема точен одговор за точниот број на емоциите и нивните видови. Robert Plutchik (1980) тврди дека има осум основни видови на емоции, кои вклучуваат: бес, страв, тага, одвратност, изненадување, исчекување, доверба и среќа. Многу теоретичари веруваат дека комбинацијата на две или повеќе емоции создаваат нов вид на емоција, позната како секундарна емоција. На пример, бес и одвратност може да доведат до презир. Најверојатно нема точен одговор  на прашањето колку видови на емоции постојат. Одговорот зависи од тоа како вие размислувате во врска со емоциите.

4. Што има добро во емоциите?

Четвртото прашање се однесува на функциите на емоциите. Според Kennedy, Moore и Watson, емоциите играат три значајни улоги во животите на луѓето. Прво, емоциите се потребни за приспособување и опстанок. Среќата и довербата ги мотивира луѓето да работат најдобро, додека стравот и одвратноста  го насочуваат човекот кон опасност. Второ, емоциите влијаат на тоа како ние гледаме на светот. И трето, емоциите помагаат во комуникацијата помеѓу луѓето, за нивните потреби, желби и чувства едни кон други.

5. Што е разликата помеѓу емоциите и расположението?

Емоција и расположение се два збора кои што често се грешат користејќи се наизменично. Една од разликите помеѓу двете лежи во нивниот временски тек. Емоциите се релативно краткотрајни, додека расположенијата се често долготрајни. Другата разлика е тоа што емоциите може да се искажат (и се полесни за искажување), додека расположенијата може да не се искажат поради недостатокот на перцепција/разбирање на стимулсите кои што ги предизвикуваат.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *