Природни начини на кои можете да го подобрите вашето расположение

Живееме во време кое изобилува со стресови кои предизвикуваат огромен број на негативни последици врз луѓето. Се појавува епидемија на депресија и различни видови на нарушувања на расположението поради кои голем дел од луѓето се будат уморни, без мотивација и желба за станување од кревет и започнување со денот. Но, постојат неколку природни начини на кои можете да се борите со стресот и да го подобрите вашето расположение. Погледнете.

Природни начини на кои можете да го подобрите вашето расположение

1. Започнете со физичка активност – Со вежбање се ослободуваат хормоните кои се одговорни за подобрување на вашето расположение, па токму затоа ова е најдобриот начин на борење против стресот.

2. Намалете со кофеинот – Адреналинот предизвикан од кофеинот влијае врз вашето расположение поинаку отколку што вие мислите. Доколку сте под стрес или не се чувствувате добро, тој може да ги зголеми овие чувства.

3. Направете распоред за одмор – Секогаш кога се чувствувате тешко, вашето расположение опаѓа. Токму затоа обидете се да издвојувате барем неколку минути во денот кога нема да размислувате на ништо и кои ќе ви бидат наменети само за одмарање и релаксирање.

4. Намалете со вештачките засладувачи – Постојат неколку истражувања кои ги поврзуваат состојките од вештачките засладувачи со нарушувањата на расположението.

5. Спијте 8 часа – Сонот е одличен начин за справување со стресот. Кога сте наспани, вашиот мозок подобро ги процесира новите информации, а со тоа ви овозможува и полесно справување со секојдневните проблеми.

6. Намалете со алкохолот – Можеби во моментов не ви изгледа така, но алкохолот се поврзува со голем број на психолошки нарушувања, меѓу кои спаѓа и нарушувањето на расположението.

7. Бидете благодарни – Секојдневно пишувајте по 5 нешта за кои сте благодарни. Кога се потсетувате на овие нешта вие ја менувате перспективата кон она што го имате, а не кон она што го немате и токму затоа веднаш почнувате да се чувствувате подобро.

8. Пијте многу вода – Дехидрацијата предизвикува замореност и напнатост.

9. Смејте се – Да, постои наука позади оваа изјава. Смеењето е едноставно најлесниот начин да се почувствувате добро.

 




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.