Промена на само четири животни навики би спречила 80% од инфарктите

Преку менување на животниот стил со воведување на повеќе здрави навики можете драстично да ги намалите срцевите болести. Особено ова е значајно кај мажите, бидејќи тие сè повеќе се наклонети кон овој вид на заболувања.

Промена на само четири животни навики би спречила 80% од инфарктите

Така што, откажувањето на цигарите, намалување на количината на алкохолот, здравата исхрана и редовната телесна активност може да ги спречи речиси 80% од инфарктите кај мажите, покажала една 11 годишна студија спроведена од страна на еден шведски институт Каролинска на повеќе од 20.000 мажи на возраст од 45 до 79 годишна возраст.

Според таа студија, оптимално за мажите би било да се движат околу 40 минути на ден, било да трчаат, да возат велосипед или да се движат. Треба да имаат  помалку од 94cm опсег на струкот и во прехраната да вклучуваат повеќе вода и овошје, а да избегнуваат месно обработени производи.

Исто така, за подолг живот кај мажите придонесува и намалената конзумација на алкохол, додека за превенција од срцеви удари се советува умерено пиење, што подразбира максимално три до четири dcl вино, 7 dcl пиво или пак 0,3 dcl алкохолен пијалок на ден. За оние кои пак не можат да престанат да пушат лекарите советуваат смалување на бројот на цигари кои што се пушат на ден, што исто така може значително да го продолжи животот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.