Психичкото нарушување како можност за личен развој

Психичките нарушувања, без разлика дали станува збор за интензивна анксиозност, депресија, опсесивни мисли или компулсии, промени во расположението или промени во личноста – се создаваат поради силно страдање. Личноста жали за загубата на „селфот“ и самоконтролата  и сака да се врати во претходната состојба. Таквата состојба во медицинската психологија се нарекува преморбидна. Сепак и покрај соработувањето од страна на личноста, нејзиното семејство и професионалната грижа, нешто недостасува. Често лицето кои има нарушување не се враќа на преморбидното ниво или пак доживува рецидиви. Сепак, од друга страна, ваквите нарушувања можат да бидат и можност за раст. Зависи од нас како ќе ја искористиме оваа можност.

Психичките нарушувања како можност за личен развој

Во психолошката литература се сретнува дека нашиот „селф“ (себество) е составено од три слоеви – позитивен селф, негативен селф (каде недостасуваат морални принципи) и условен селф. Позитивниот селф е најдлабок. Тоа ги вклучува желбата да се сака, да се биде сочувствителен, да се реализираат своите креативни потенцијали, да се биде бестрашен, да се прави најдоброто што се може, да се живее според вистината и да се бара смислата. Низ трауматични искуства ние го губиме контактот со овој дел од себе и страдаме. Почнуваме да се плашиме од светот, стануваме алчни за своите потреби и желби, завидливи на другите, гневни и насилни со оние кои не ги исполнуваат нашите очекувања, и соблазнителни (блудни – во смисла на злоупотреба, неблагодарност и алчност) за пријатните искуства.

Многумина веруваат дека страдањето е по наша волја. Вистината е дека сето ова е одбрана против болката и не е вистинско себство. Бидејќи овие услови не се признати отворено од страна на општеството, ние се обидуваме да ги потиснеме и да формираме условен селф. Пред другите се обидуваме да се прикажеме како личност која не е плашлива, алчна, завидлива, соблазнителна и насилна, додека во нашиот личен и приватен живот ги изразуваме овие желби и чувства.

„Позитивниот селф“ копнее за слобода и развој, но е ограничен од страна на „условениот селф“ кој постојано вели дека она што го бара позитивниот селф е излузорно и залудно. Слично и „негативните инстинкти“ бараат да дојдат до израз, но се ограничени од страна на условеното себство. Стравот е дека ако се препуштиме на слободно изразување, ќе следи казна и отфрлање.

Психолошкото нарушување се јавува како резултат на ваков силен внатрешен конфликт помеѓу овие три слоја на селфот. Условениот селф се крши и личноста се јавува во позиција на бесмисленост. Враќањето на „преморбидно ниво“ никогаш не е решение бидејќи личноста на некој начин увидела дека условеното себство е лажно себство и треба да биде заменето од нешто што има смисла и значајност. Вистинската битка сега е меѓу позитивниот селф и базичниот „животински“ (ирационален) селф. Личноста може да оди напред во животот, само со разрешување на оваа борба.

  • Првиот чекор кон разрешување на овој конфликт е усогласување на вашите цели со позитивното себство. Иако не можете да бидете позитивното себство, вие треба постојано да се потсетувате дека сте на едно патување и дека позитивното себство е вашата дестинација.
  • Вториот чекор е да се справите со „животинското/негативно“ себство на начин кој е емпатичен. Вообичаено ние бегаме од овој дел од себе преку критика и омраза. Овој начин делува моментално додека не се вратат сите желби со полн интензитет.

Најдобриот начин да се разбере непосакуваниот селф е преку емпатична само-опсервација. Коренот на секое нарушување е болка. Откако ќе ја признаете и работите на оваа акумулирана болка, ќе доживеете прекрасна трансформација. Ќе се спои благодатно во „позитивниот селф“ и тоа ќе го комплетира вашето патување кон целовитост.



Психолог, интегративен и гешталт советник. Основач, координатор и советник во здружението за едукација и развој „Психоинтегра“. Области на интерес и делување: психолошко советување и психотерапија. Aвтор на психолошки текстови кои помагаат во продлабочување на увидот во сопствената личност и поттикнуваат градење вредности и вештини за поисполнето и задоволно живеење. Поаѓа од идејата дека личната среќа започнува од контактот со себе и се остварува низ контактот со околината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *