Семинар: Системски интервенции во Партнерска и Брачна терапија

Здружението Психоинтегра, организира семинар на тема: Системски интервенции во Партнерска и Брачна терапија.

Психоинтегра

Брачната или партнерска терапија е процес кој има цел да ја подобри комуникацијата и да ги реши предизвиците во интимната врска. Нуди шанса за јакнење на релациските вештнии нуди помош во подобро разбирање на влијанието на врската од надворешните фактори, семејните вредности, начинот на живот и култура, на кој начин минатото влијае на сегашноста, а нè учи и на конструктивна комуникација, решавање конфликти итн.

Целта на семинарот е да се приближат техниките од Семејната и системска психотерапија на професионалци кои имаат потреба од јакнење на своите вештини во ова поле, но и за сите заинтересирани или засегнати од оваа тема.

Предавач: Натка Пачоска – клинички психолог, семеен и системски и гешталт европски сертифициран психотерапевт, тренер и супервизор.

Семинарот ќе се одржи на 10 Јуни од 10:00 до 17:00 часот. Локацијата ќе биде одредена според бројот на присутни и ќе биде испратена на сите пријавени на e-mail.

Котизација за пријавувања и уплати до 03.06.2017 изнесува 1.200 денари.

Пријавувања и уплати извршени од 04.06.2017 до 08.06.2017 изнесува 1.500 денари.

Пријавувањата за учество на семинарот можете да ги извршите со име и презиме на e-mail: psihointegra@psihointegra.org (Бројот на места е ограничен).

Контакт тел: 077 909 732

На сите присутни ќе им биде доделен серитикат за учество во семинарот.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *