Психологија и сексуалност

Постои една мудра мисла која гласи – „Човекот до денес научи цивилизирано да зборува за убиства, но не и за сексот“.

Сексуалноста е комплесен феномен поради различни причини во различни култури и влијанија. Но, исто така во него се состои и причината поради која постоиме, така што нема потреба да ја избегнуваме оваа тема или да „црвенееме“.

Во ова видео Хенк зборува подетално за сексуалноста,  родовиот идентитет, хормони.. па дури ја разгледува и идејата зошто имаме секс.

Сексуалноста како потреба кај луѓето отсекогаш повлекувала со себе различни гледишта, но и контроверзии, внатрешни и надворешни конфликти… Ова е еден од гледиштата за оваа потреба која е од клучно значење за животот на човекот, низ призма на психологијата. Вреди да се погледне!



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.