Психологија на боите (инфографик)

Боите имаат силно влијание врз начинот на кој ги перципираме работите околу себе. Освен што можат да влијаат на промената на расположението, тие можат да влијаат и смирувачки на нервниот систем или да предизвикаат чувства на возбуда. Боите имаат особено силно влијание врз дизајнот, така што постои посебно научно поле за изучување на боите и поврзаноста на луѓето со боите и нијансите.

Психологијата на боите ги проучува боите како детерминенти на човековото однесување. На пример, проучувајќи како боите влијаат врз квалитетот на сонот, информациите од истражувањата може да ви помогнат во изборот на бојата со која би сакале да ги бојадисате ѕидовите во спалната соба, бидејќи како што знаеме сонот влијае врз квалитетот на живот на човекот.

 

Значењето зад боите

 

Психологијата на боите не е само од значење и интерес на маркетингот и дизајнирањето. Во текстот подолу дадено е како боите влијаат врз мозокот, човековото однесување, емоции и расположение.

Зелена – Боја на здравје, смиреност и природа.

Жолта – Весела и топла, но може да предизвика замор на очите. Бебињата повеќе плачат кога престојуваат во жолто бојадисана соба.

Црвена – Провоцира силни емоции како што се страста и љубовта. Можеби сте забележале дека во рестораните често се користи оваа боја. Тоа е така бидејќи црвената боја го поттикнува апетитот. Се употребува за стимулација на телото и умот и ја забрзува циркулацијата.

Сина – најчестиот избор на мажите. Има смирувчки ефект и го намалува апетитот. Често се користи во работните канцеларии. Се верува дека ја смирува болката.

Од инфографикот подолу можете да дознаете повеќе за значењето на боите и истиот може да ви помогне во изборот на боја за собата, работната просторија и слично.

 

Psychology of Color [Infographic]

Courtesy of NowSourcing, Inc



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.