Психологијата зад купувањето осигурување

Секој од нас мрази да губи. Навистина, во многу случаи ние мразиме да губиме повеќе отколку што посакуваме да оствариме нешто (тоа се вика аверзија на ризик).

Купувајте помалку осигурување

Индустријата за осигурување многу добро го знае ова, така што ги обележува производите во терминологија на губење:

  • Ве тера да се грижите да не бидете ограбени.
  • Ве тера да мислите дека вашиот одмор ќе ви биде катастрофа.
  • Ве тера да мислите дека ќе умрете.

Така што, не се грижете веќе! Осигурувањето е решението!

Многу од нивната маркетинг кампања се одвива на овој начин, преку креирање на потреба и после едноставно покривајќи ја таа потреба. Но осигурувањето некогаш ја злоупотребува оваа потреба, бидејќи треба да ви продаде „мир со себе си“.

Прашањето е дали нашите мозоци ќе бидат загрижени кога ќе си замислиме (и ако) работите тргнат на лошо.

Стапицата на продолжената гаранција

Психолошките истражувања сугерираат дека работите не се така вообичаено лоши како што ние си ги замислуваме дека ќе бидат. Тоа е така поради психолошкиот имун систем.

Кога ќе предвидиме како негативните настани ќе не натераат да се чувствуваме, ние сме вообичаено многу песимистични. Но, нашата потсвест постојано работи да ги намали ефектите од негативните настани.

Ние рационализираме, избегнуваме да се обвинуваме себе си, воедно и нашите одлуки, така што се чувствуваме помалку жално отколку што сме претпоставувале. На крајот, ние сме психолошки посилни отколку што сме мислеле.

Ова значи дека не сите осигурувања се непотребни. На нас сè уште ни треба осигурување за автомобилот, здраствено во земјите каде што тоа не е на сметка на државата и исто така и определени други осигурувања може да бидат од корист.

Но продолжените гаранции се најчесто трошење на времето, како и повеќето видови на осигурување. Дури и да производот се расипе, ние нема да жалиме што не сме го земале осигурувањето ни приближно отколку што си замислуваме. Така што, во некои случаи зачувајте ги парите и превземете го ризикот.

Животот е на еден начин како лотарија, но вие ќе се справите со него многу подобро од тоа што го замислувате.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.