Психолошки истражувања за среќата кои треба секој да ги знае

Среќата го активира целото тело

Спротивно на некои верувања, емоциите не се стационирани само во умот, туку се поврзани со сензациите на целото тело. Благодарение на едно ново истражување, за прв пат пронајдена е „мапа“ на поврзаност меѓу емоциите и телесните сензации. Истражувачи од Финска, провоцирале различни емоции кај 701 испитаник и потоа од нив правеле „мапа“ во боја на телото каде чувствувале зголемување или намалување на активноста.

Психолошки истражувања за среќата кои треба секој да ги знае

Жолтата боја укажува на повисоки нивоа на активност, проследено со црвена боја. Црната боја означува неутралност, додека сината и светло сината боја укажува на ниска и многу ниска активност.

Интересно за среќата е што е една од емоциите која „го покрива“ целото тело, вклучувајќи ги и нозете, што можеби укажува дека среќните луѓе се чувствуваат повеќе подготвено да влезат во акција.

Среќата го менува генетскиот код

Вистинската (автентична) среќа освен што допринесува да се чувствуваме одлично, исто така влијае и врз телото до ниво на генетскиот код.

Една неодамнешна студија го проучувала моделот на активноста на гените одговорни за борбата против заразните болести и заштитата на организмот од страни материи. Во оваа студија е најдена поврзаност кај луѓето на нивото на автентичната среќа со посилна активност на антителни и антивирусни гени. Како што правењето добро и чувствувањето добро прави да бидеме среќни, правењето добро исто така позитивно влијае врз нас и на генетско ниво.

Луѓето се посреќни кога ја прават вистинската работа

Што се случува со среќата кај луѓето низ светот кои се соочуваат со економска криза?

Како се соочуваат со губење на работата, заработување помалку пари, и чувството на очај и недостаток на контрола над кошмарот кој се чини дека нема крај?

Одговорот е: заемната консолидација на луѓето.

Податоците од 255 области од метрополите во САД покажаа дека заедниците кои се консолидираат – во суштина прават убави мали работи еден за друг како на пример волонтирање и помагање на соседот.

Социјалниот капитал има заштитен ефект: луѓето се посреќни кога ја прават вистинската работа.

Однесувајте се екстровертно дури и ако сте интровертни личности

Екстровертното однесување, дури и ако личноста е интровертна, ги прави луѓето низ целиот свет да се чувствуваат посреќно, велат резултатите од новите истражувања.

Наодите се добиени од стотици луѓе од САД, Венецуела, Филипини, Кина и Јапонија. Луѓето изјавиле дека чувствуваат повеќе пријатни емоции во секојдневните ситуации кога се чувствувале или се однесувале повеќе екстровертно.

Од учесниците во истражувањето било побарано да се однесуваат екстровертно во времетраење од 10 минути и потоа да изјават како тоа направило да се чувствуваат.

Дури и меѓу учесниците кои биле интровертни (луѓе кои вообичаено преферираат самостојни активности), однесувањето на екстровертен начин поттикнало кај нив чувство на среќа.

Психолошки истражувања за среќата кои треба секој да ги знае

Среќата изразена на интернет е „заразна“

Емоциите кои се изразени онлајн, пријатни и непријатни,  се „заразни“, открива една нова студија.

Една од најголемите истражувања на Facebook испитувала емоционална содржина на една милијарда пораки во текот на две години.Софтверот бил искористен за да се анализира емоционалната содржина на секој пост. Наодите покажале дека позитивните емоции се шират повеќе од негативните, и позитивните пораки се повеќе „заразни“ од негативните.

Со возраста се менуваат работите кои ве прават среќни

Во позрелите годините луѓето повеќе чувствуваат задоволство во секојдневните активности.

Во едно неодамнешно истражување биле прашани повеќе од 200 луѓе на возраст помеѓу 19 и 79 години, во врска со искуства кои за нив биле среќни, како за секојдневни, така и за несекојдневни.

Меѓу сите возрасни групи во истражувањето, луѓето наоѓале задоволство во сите видови искуства, секојдневни и несекојдневни. Сепак, повозрасните луѓе покажале поголемо задоволство од релативно вообичаените искуства. Тие добивале поголемо задоволство од поминување време со семејството, гледање во нечие лице, или прошетка во парк. Младите луѓе пак, се дефинирале себе си преку невообичаени искуства.

(2) psiholoshki-istrazhuvanja-za-srekjata-koi-treba-sekoj-da-gi-znae-www.psihologija.com.mk

Зошто материјалистите се помалку среќни?

Причината поради која луѓето кои се материјалисти се помалку среќни е фокусот на тоа што го сакаат, односно на тоа што моментално го немаат – што прави помалку да го ценат тоа што моментално го имаат.

Ново истражување откри дека материјалистите чувствуваат помалку благодарност, што всушност е поврзано со пониско ниво на задоволство.

Студијата цитира зборови на познатиот грчки филозоф Епикур кој вели:

„Не го расипувајте тоа што го имате поради желбата за тоа што го немате; сетете се дека тоа што сега го имате, претходно било меѓу работите на кои само сте се надевале.“

Моќта на социјалните врски

Според едно ново истражување, врските имаат посилна поврзаност со среќата отколку академските постигнувања. Додека силните социјални врски од детството и адолесценцијата биле силно поврзани со степенот на среќа во возрасниот период, поврзаноста со академските постигнувања била многу пониска.

По сè изгледа дена сето знаење на светот, не е неопходно дека ќе ве научи многу на тоа што значи да се биде среќен, како во емоционална, така и во филозофска смисла.

Психолошки истражувања за среќата кои треба секој да ги знае

Цели кои водат до среќа

Изненадувачки е што луѓето често грешат во врска со целите кои сметаат дека ќе ги направат среќни.

Новите истражувања докажуваат дека конкретните цели се повеќе поврзани со чувството на среќа, отколку апстрактните цели.

Истражувањето откри дека активностите изведени за некоја конкретна цел (на пример да направите некој да се насмее) прави луѓето да се чувствуваат посреќни, отколку ако постават апстрактни цели (на пример да направат некого среќен). Преку конкретно размислување за нашите цели за среќа, можеме да го намалиме јазот помеѓу очекувањата и можностите.

Неочекувано задоволство од секојдневните моменти

Секојдневните искуства може да донесат неочекувана радост, велат новите психолошки истражувања.

Во едно истражување, било побарано од група на студенти да направат временска капсула на почетокот на летото која вклучувала:

  • Неодамнешен разговор
  • Последниот социјален настан на кој присуствувале
  • Извадок од нешто што запишале на хартија и
  • Три омилени песни

Во тоа време, тие исто така предвиделе како ќе се чувствуваат во врска со овие работи која ќе ја отворат капсулата три месеци подоцна.

Иако содржината на активноста била секојдневна, студентите го потцениле доживувањето на изненаденост и љубопитност кога ќе ја отворат кутијата.

Ова истражување потсетува на тоа колку ние всушност ја потценуваме среќата која ја добиваме од секојдневните искуства.

Така што, зошто да не направиме една мала временска капсула уште денес?




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.