Работилница на тема ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: есенцијален дел од личниот развој и унапредувањето на квалитетот на живеењето

Почитувани,

Здружението за едукација и развој ПСИХОИНТЕГРА Скопје, организира работилница на тема „ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: есенцијален дел од личниот развој и унапредувањето на квалитетот на живеењето“.

Дали се откажуваме на првата потешкотија?

Ги користиме ли сите вештини што ги имаме?

На што се темели нашиот успех во животот и работата?

Дали нашиот живот е препуштен на емоциите?

Свесноста за емоциите е основната емоционална способност.

Целта на работилницата е да погледнеме во себе и да видиме дали и колку сме свесни за нашите емоции.

Емоционалната интелигенција може да се мери преку психолошки тестови и да се развива низ практична работа.

Во текот на работилницата, низ разговор и вежби ќе добиете одговори на многу прашања поврзани со емоционалната интелигенција: за факторите кои влијаат врз емоционалната интелигенција, како и за факторите врз кои влијае емоционалната интелигенција; што всушност опфаќа емоционалната интелигенција; за емоциите и нивното изразување; како и за емоциите во контекст на денешната – интернет доба.

Работилницата е наменета за сите, лично или професионално заинтересирани за оваа значајна тема и сите оние кои сакаат да работат на ширењето на свесноста за себе и личниот развој.

Водител: Кристина Лефкова, дипл. психолог, семеен и системски психотерапевт, спец. по менанџмент на човечки ресурси.

Дата и час: 22.12.2015 (вторник) од 17:30 до 20:30 часот.

Работилницата ќе се одржи во просториите на Младинскиот културен центар МКЦ, прв кат, бр.12. ул.Кеј Димитар Влахов.

Пријавување на: psihointegra@psihointegra.org

Пријавувањето може да го извршите најдоцна до 20.12.2015 година.

Телефон за контакт: 077 909 732

Цена: 600 денари.

*Сите учесници ќе добијат сертификат за присуство.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.