Работилници за личен раст и развој

ПСИХОИНТЕГРА организира серија искуствени работилници за постигнување на личен раст и развој, во временски период од 3 месеци, со можност за продолжување во втор, напреден дел на програмата од дополнителни 3 месеци.

Цели и Опис на програмата: Програмата опфаќа активности и техники кои служат за развој на личните потенцијали, аспирации и амбиции, проширување на свесноста, подобрување на квалитетот на живеење, надминување на застои (психолошки блокади), интегрирање и зголемување на капацитетите за функционално реагирање и справување со секојдневните проблематики.

Работилници за личен раст и развој

*Во програмата ќе бидат вклучени и посебни работилници од областа на емоционална писменост, родителски стилови, развојни циклуси, mindfulness, комуникациски вештини и други.

Во групите за личен раст и развој може да земе учество секој кој е заинтересиран без разлика на професионална ориентација, пол…

Работилниците ќе бидат предводени од страна на: Ирина Николовска – Психолог, гешталт советник

Распределба на работилници: Еднаш неделно во времетраење од 2 часа, како работа во група

Долна возрасна граница: 18 години

Локација: Ул. Народен фронт 11/1, Скопје (нас. Капиштец, спроти Католичка црква)

Котизација: 1000 денари месечно

Групите ќе започнат со работа по нивното формирање.

Пријавување: psihointegra@gmail.com




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.