Работилници за проективни техники

Здружението за едукација и развој ПСИХОИНТЕГРА Скопје, за сите дипломирани психолози и апсолвенти на факултетите за психологија, организира серија работилници за примена на проективни психодијагностички техники.

Едукативната програма се состои од 8 работилници кои ги вклучуваат следните техники:
• Роршах
• Маховер
• Лишер
• HTP

Целта на работилниците е примена на проективните техники во психолошка дејност, квалитативна анализа и интерпретација на одговорите на тестовите, како и интеграција на истите при давање дијагностички и диференцијално дијагностички заклучок.

Предавач: Олга Мицева, специјалист по медицинска психологија со комплетно завршена теоретска и практична Роршах едукација кај д-р Чмелиќ и 28 годишен работен стаж во специјализирани психијатриски институции: „Психијатриска Болница Скопје“ – Скопје; Клиника за психијатрија и други приватни институции.

Програма
1-ва работилница: Маховер

2–ра работилница: Маховер

3-та работилница: Лишер колор тест

4–та работилница: Лишер и HTP

5-та работилница: Роршах проективната техника

6-та работилница: Роршах проективната техника

7-ма и 8-ма работилница: Интеграција на Роршах интерпретација со останатите проективни тестови.

 

Работилниците започнуваат по формирање на групите.

Сите заинтересирани можат да се пријават на e-mail: contact@psihologija.com.mk
Контакт тел: 077 909 732

Цената за секоја работилница изнесува 1200 денари.
(Уплатата на вкупната сума може да се изврши на две месечни рати)
*На секој учесник му следува сертификат за поминати работилници за проективни психодијагностички техники.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.