Рамноправност во партнерските односи

Што можат да сторат партнерите за да одржуваат врска која е задоволувачка за двајцата?

Во текстот подолу наведени се ставовите кои овозможуваат рамноправен однос меѓу партнерите и помагаат во развивање на еднакво значајни улоги и задоволство во врската меѓу партнерите:

Почит

Жените и девојките треба да бидат почитувани како личности со еднаква важност, еднакви права и еднакви потреби и вреднување како и мажите. Всушност, ваквата констатација треба да се подразбира, сепак нејзиното значење се нагласува бидејќи насилството врз жените е далеку пораширеана појава, во споредба со насилството врз мажите (во случаите на семејно насилство и насилство во врска). Насилството никако не треба да биде „наменето“ за некого, ниту за жените ниту за мажите. Но, она што статистиката го вели е дека во најголем процент од партнерското насилство, жените се оние кои се жртвата, а мажите насилникот.

Прифатете ненасилно, незагрозувачко однесување кон партнерот/ката во интимната врска

Почитувајте го и поддржете го правото на вашиот партнер/ка да се чувствува слободно и свое и да го кажува и изразува тоа што го мисли и чувствува. Насилството никогаш не треба да биде начин за постигнување на свои интереси, или начин на разрешување конфликти. Во случај на конфликт на интереси мора да се бара компромис, каде двете страни добиваат. Исто така, пожелно е и да се прифаќаат и промените кои произлегуваат од компромисот и разрешувањето на конфликтот.

Рамноправност во партнерските однси

Самодоверба и прифаќање

Преземете одговорност за своите постапки. Обидете се да ги признаете своите грешки и да бидете отворени за дискусија. Прифатете ги и обратете внимание на мислењата на партнерот/ката.

Споделете одговорност

За позитивни исходи и задоволство од заедничкиот однос, треба да пројавите лична иницијатива и одговорност. Не дозволувајте вашиот партнер/ка да го носи целиот товар во врската околу заедничките одговорности.

Економско партнерство

Одлуките околу финансиите донесувајте ги заедно. Според законите, сè што е стекнато во брачниот живот, припаѓа на двајцата партнери. Домашните задолженија и образованието на децата, исто така претставува дел од придонесите кои се во заедничка сопственост, како што е и платената работа.

Одговорно родителство

Родителството не значи мајката да биде таа која во наголем дел се грижи за децата. Одговорното татковство значи редовна и посветена грижа за децата од моментот на нивното раѓање. Не е доволна грижата за децата во рамки на правната одредба по разделбата, односно разводот. Добрата поврзаност со децата не произлегува од законските права, туку се развива преку секојдневно покажување љубов и грижа.

Рамноправност во партнерските односи

Меѓусебна помош и поддршка

Твојот партнер/ка не е тука за да ги задоволува твоите потреби. Партнерката не е чистачка, домаќинка, мајка која сама треба да се грижи за децата, љубовница за задоволување сексуални потреби, или бесплатно одговорно лице за потребите на партнерот и семејството. Партнери имаат заедничко право на автономен живот, како и напредување во кариерата и личниот развој.

 



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.