Расправиите меѓу браќата и сестрите се образец за разрешување на идните конфликти во животот

Браќата и сестрите кои никогаш не се искарале со сигурност нешто кријат, пишува американскиот писател Lemony Snicket во својот роман „Horseradish“. Со ова негово тврдење ги утешил родителите кои секојдневно се соочуваат со галамата, расправиите, препирките, а понекогаш и вистинското тепање помеѓу своите деца. Но, се чини дека е нормално ова нивно однесување затоа што понекогаш и возрасните страствено ги бранат своите ставови.

Расправиите помеѓу браќата и сестрите се решение за решавање на сите конфликти

Животот во семејството, според психолозите преставува животна школа во која се учиме на многу работи од животот, а една од тие работи е и толеранцијата на различните ставови. Расправиите помеѓу браќата и сестрите понатаму во животот преставува образец за решавање на идните конфликти во животот. Фактот дека живеат заедно, дека се слични еден со друг и дека прават слични работи во дадени ситуации, не подразбира дека и мислат и чуствуваат подеднакво исто. Расправијата најчесто ја предизвикува досадата, преферирањето на едно од децата, недоразбирањето и манипулацијата. И тоа е клучот на проблемот според психолозите.

Различната музика која најчесто ја „малтретира“ другата страна додека ја слуша, различните кругови на пријатели со кои се дружат и покасно различните цели во животот ќе ги доведат до конфликт, особено на прагот на адолесценцијата и додека таа трае. Битно е на таа возраст децата да станат свесни дека различноста е добра и дека слушањето на различните ставови може да им ги прошири погледите. Научете ги да ги слушаат различните мислења и да ги прифаќаат. Покажете им го тоа преку пример, разговарајте со други луѓе, слушајте го нивното мислење и прифатете го. За да нема непотребно недоразбирање во семејството, многу е битно да комуницирате и да ги разјасните сите недоразбирања помеѓу браќата и сестрите. Различниот карактер на децата и нивниот различен третнам од страна на родителите може да се разбере на погрешен начин како да го преферирате едното дете врз другото.

Објаснете им дека тоа не е така и докажете им, така што ќе седнете и ќе разговарате со нив, обидете да разберете зашто така реаграле еден кон друг и обидете се да се ставите и на едната страна и на другата, сè со цел да дојдете до целосното објаснување. Кога ќе дојде до физичка пресметка помеѓу двете деца, веднаш раздвојте ги и тргнете ги на посебни страни. Во таа ситуација бидете мирни и немојте да се возбудувате, затоа што така ја покачувате само тензијата и децата го гледаат и чуствуваат тоа. Со децата ќе разговарате откако ќе се смират. Проблемот може да биде за некоја играчка, а вие одлучите како да го разрешите тоа.

Расправиите помеѓу браќата и сестрите се решение за решавање на сите конфликти

 

Разговарајте со децата и поставете правила на однесување на кои сите кои што живеат во куќата мора да се придржуваат. Пазете да не преферирате едно од децата и да не ги споредувате децата едно со друго. Со тинејџерите разговарајте за тоа како сите во куќата сте различни и дека тоа е дел од богатсвото на семејството. Излезете од куќата и разговарајте со нив јадејќи некој сладолед, може децата да бидат многу поотворени и сосема различни отколку да разговарате со нив дома.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.