Разлики помеѓу социопатија и психопатија

Иако постојат сличности во овие две пореметувања и на луѓето им е тешко да ги разликуваат едно од друго, фактите говорат дека разлики сепак постојат.

разлики помеѓу социопатија и психопатија

Хередитет (наследни фактори) наспроти околински фактори

Антисоцијалното однесување како сличност може да се најде и кај социопатите и кај психопатите. Како и да е, развојот на социопатија или психопатија кај личноста води потекло од факторот кој ги диференцира една од друга. Додека генетиката и хередитетот се причинители за личноста да стане психопат, околинските фактори се одговорни за личноста да стане социопат.

Карактерни разлики

Социопатот нема потешкотија во разбирање на тоа како да се однесува во социјално опкружување и главно не е темпераментен по природа. Неговиот проблем е резултат на „лошо друштво“, запоставеност од родителите, хипер интелигенција и сиромаштија. Наспроти социопатите, психопатите вообичаено се неспособни да ги разберат и да излезат на крај со нормите кои ги поставува општеството, поради нивната импулсивна и безстрашна природа која ги предизвикува на непотребен ризик. Повеќето психопати немаат контрола над својот проблематичен темперамент бидејќи тие се родени со него.

Насилни тенденции

Психопатите не се во можност да ги планираат нивните акти на насилство. Поради нивната импулсивна природа, повеќето од нивните криминални дела се извршени во избрзување. Социопатите се забележливо различни од психопатите кога доаѓа до извршување на криминални или насилни дела. Тие не се импулсивни по природа и како резултат на тоа тие ги планираат нивните криминални дела многу педантно.

Грижа на совест

Психопатите немаат морален код на етика и поради тоа тие не се способни да чувствуваат емпатија или каење за нивните блиски личности. Тие се стремат да манипулираат со другите и се подготвени да лажат за да ги постигнат своите цели. Во нивниот животен стил тие продолжуваат да ги кршат нормите на општеството во текот на нивните животи.

Социопатите се различни од психопатите и чувствуваат вина за нивните дела. Како и да е, нивната емоционална поврзаност е лимитирана на одредена група луѓе, исклучиво со оние каде можат да воспостават интеракција и да градат односи. Надвор од групата, однесувањето на социопатот е слично на тоа со психопатот, и тој ги отфрла општествените норми како него. Како и да е, социопатот, нема тенденции да ги лаже луѓето и да манипулира со нив, особено ако се дел од неговото семејство или група на пријатели, наместо тоа, тој има искрени чувства за нив и ќе чувствува каење доколку ги повреди на било каков начин.

Општествени односи

Психопатите се неспособни да оформат нови односи и дури не можат да ги одржат односите кои ги имаат со членовите на нивното семејство. Социопатите пак, немаат потешкотии во одржување односи, повеќето од нивните односи се паразитски каде што тие зависат од другите.

Кариера

Социопатите се доста способни за успех во кариерата која ја избрале и се обидуваат да се претстават себеси како пријатни, за другите луѓе полесно да комуницираат со нив. За разлика од социопатите, психопатите не можат да останат на едно работно место како резултат на тоа што се неспособни да изградат кариера.

Здодевност

Двајцата, социопатот и психопатот не се во можност да ја задржат нивната досада. Социопатите обично ја ослободуваат својата досада препуштајќи се на драматични дела и создавајќи конфликт помеѓу луѓето во нивната група. Тие бараат внимание од луѓето и се способни да отидат многу далеку за да го добијат. Психопатите пак, бараат нешто конструктивно за да стават крај на нивната досада. Ова е причината за високото ниво на креативност и интелигенција кај нив.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.