Разлики во навиките за појадување – меѓу мажи и жени и во различни земји

Сите ние сме запознаени за важноста на појадокот и поголемиот дел од нас и редовно појадуваат. Тој најбитен и прв оброк во денот најчесто се јаде дома, веднаш после будењето, но околу 20% од младите појадуваат по пат до училиштето или работата, покажува едно маркетинг истражување. Мажите не појадуваат затоа што не може да стигнат, а жените затоа што пијат кафе

  • Мажите во Хрватска кои го прескокнуваат појадокот тоа го прават затоа што немаат доволно време и желба да си подготват појадок. Жените пак, го избегнуваат појадокот затоа што го заменуваат со кафе и потоа не се гладни.
  • Во САД редовно појадуваат околу 44% од луѓето.
  • Во Велика Британија скоро две тритини од луѓето немаат време за појадок.
  • Во Франција појадокот го прескокнуваат околу 17% од луѓето, додека во Шпанија околу 13% од луѓето исто така не појадуваат.
  • Во Јапонија не појадуваат околу 12% од луѓето.

Прескокнување на појадокот доведува до здебеленост

Појадокот во просек трае од 10 до 15 минути, така да немањето време не смее да биде причина да не појадувате наутро. Луѓето кои појадуваат подоцна конзумираат 40% повеќе блага храна од луѓето кои што појадувале, а со тоа го зголемуваат и ризикот за здебелување.

Родителите се пример

Иако е битен за многу работи, појадокот е неизоставен дел од здравјето на едно дете, затоа што со тоа го осигурувате правилното функционирање на организмот и растот на клетките кои може  да ја зголемат интелектуалната способност во училиштето и на факултетот. Една студија покажала дека родителите кои појадуваат дома им оставаат добар пример на своите деца и 90% од тие деца редовно појадуваат.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.