Разочарани сте од љубовта? Овие совети ќе ви ја вратат надежта

После низа на пропаднати или површни односи или после прекинување на некоја сериозна врска или брак лесно е да станете песимист. Сепак, овие совети може да ви ја вратат верата во љубовта.

Можностите се бесконечни

После љубовното разочарување, луѓето често постануваат апатични и песимисти во врска со љубовта. Најдобриот начин да го надминете тој поглед е да се сконцентрирате на иднината и на бројните можности кои се нудат. Размислете само колку вашиот живот се променил од минатата година или од пред 10 години. Еден од најдобрите начини за да имате позитив став е да се потсетите на тоа колку брзо може работите да се променат.

Разочарани сте од љубовта? Овие совети ќе ви ја вратат надешта

Секој е различен

„Сите они се исти“ тоа е честиот став откако вашиот поранешен ве изневерил, ве лажел или само ве разочарал. Но, што и да ви направил некој во минатото, морате да знаете дека сите не се исти, а негативниот став може да ви донесе само горчина и осаменост. Дозволете другите да ви покажат какви се и со време да научите повторно да верувате.

Вие сте поинакви

Секое искуство нас не обликува, било да е тоа на позитивен начин или на негативен начин. Видете само колку вашите ставови и размислувања се промениле во последните неколку години. Тоа е затоа што веќе не сте исти, затоа не треба да се присетувате на непријатните искуства од минатото, а вашата зрелост ви донесува одредена врска на самодоверба која што може да ви помогне да се однесувате на поинаков начин.

Позитивни примери

Наместо да се концентрирате на пропаднати односи или лоши врски во вашето опкружување, фокусирајте се на оние кои вам ви се чинат здрави, среќни и стабилни. Немојте да престанете да гледате љубовни филмови или да ги превртувате очите кога ќе видите некој пар како се бакнува. Затоа што само таквите работи потикнуваат позитивен став и желба да ја пуштиме љубовта повторно во својоите животи. Горчината само ќе доведе до сомнежи и саботирање на идната можност за среќа.

Уживајте во моментите

Било да станува збор за забавување со пријателите, потенцијалниот партнер или пак да уживате сами со себе, научете како да уживате во дадениот момент. Оптеретувањето за тоа што било или што ќе биде, размилување дека сите врски се пролазни или да создавате негативни сценарија најчесто се начин на кој луѓето си го намалуваат секојдневното свое задоволство.

Разочарани сте од љубовта? Овие совети ќе ви ја вратат надешта

Не ја брзајте љубовта

Исто како што не можете да ја добиете работата од соништата без да составите CV, да се пријавите и да отидете на интервју, така и не можете да се заљубите квалитетно без претходно да се подготвите психички и емоционално. Најважните работи кои треба да ги направите е во вашата глава прво да ги преболите болките од предходната врска и повторно пред се да научите да бидете сами и нормално задоволни со самите себеси. Тоа не може да се случи во еден ден, но без тие процеси нема да можете да функционирате ни во следната врска нормално.

Зашто сакате љубов?

Размислите зашто сакате да бидете во врска и да имате партнер. Притоа набројте ги сите позитивни страни кои врската ги носи со себе, а после разберете што е тоа што во љубовта е посебно за вас. За таа тема ќе можете да рзмислувате со насмевка на вашето лице и оптимизам. Можно е да ви биде скршено уште неколку пати срцето или вие да го направите тоа на некој. Но ако мислите дека сето тоа вреди за да ја пронајдете вистинската љубов, тогаш вашето срце ќе биде отворено за љубов.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.