Разочарување – претворете го во 4 чекори и најдете мотивација

Разочарувањето е составен дел од животот и на него никој не е отпорен. Без разлика дали станува збор за деловен човек кој изгубил некоја битна работа или некој тинејџер кој изгубил шанса да ја викне девојката на кафе. Сите барем еднаш го искусиле горчливиот вкус на разочарувањето.

Разочарување – претворете го во 4 чекори и најдете мотивација

Но, без тоа искуство луѓето не би биле во состојба да ги ценат малите победи. Разочарувањето нè тера да стоиме цврсто на земја, но и нè мотивира наредниот пат се потрудиме малку повеќе.

Како да се носите со разочарувањето?

Немојте да си создавате притисок самите на себе

Луѓето често не можат да се помират дека направиле нешто погрешно, па затоа тоа го анализираат до тој степен за да не можат да продолжат понатаму. Важно е да се прифатат работите онакви какви што се и да се продолжи понатаму. Анализата само води кон подлабоко заморување.

Земете воздух и гледајте ги работите од друга перспектива

Поради многуте емоции понекогаш е тешко да се видат работите такви како што се. Затоа е битно да се тргнете на страна и да ги видите работите од друга перспектива. Кога емоциите ќе се смират, можеби да видите ситуација која што можете да ја свртите во своја корист.

Разочарувањето не ве одредува

Ако ве одбие девојката/дечкото или не добиете покачување, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас. Дури и да не успеете од прва, тоа не значи дека треба да си префрлате на себе си за неуспехот, сепак сте пробале. Разберете го тоа како да сте имале лош ден, но никогаш немојте да дозволите еден неуспех да ве одреди. Тој би требало да ве мотивира, за што повеќе да се трудите.

Разочарувањето е лекција за иднината

Иако остава горчлив вкус во устата, разочарувањето е прилика да видите во што точно грешите и како тоа можете да го подобрите. Понекогаш и најмалите промени во стратегијата може да донесат големи резултати.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.