Развојни аспекти на личноста

Првиот психолошки теоретичар што ги истакнува развојните аспекти на личноста бил Фројд при што посебно ја нагласил одлучувачката улога на првите години од животот и детството за постоње на основните составки на карактерот на една личност. Тој сметал дека до крајот на петтата година личноста е добро оформена, а понатамошниот развој на многуте делови се состои од разработување на овој основен склоп.

До овој заклучок дошол врз основа на своето искуство со пациенти кои биле подложени на психоанализа. Истражувањето на нивната душа неизбежно ги водело назад, во доживувањето на раното детство што се покажало како одлучувачко за развојот на невроза подоцна во животот.

Фројд верувал дека „детето е татко на човекот“. Со оглед на оваа рана определеност за генетското објаснување на поведението кај возрасните тој ретко непосредно ги проучувал децата. Повеќе сакал да го реконструира раниот живот од наодите кои потекнуваат од сеќавањето на возрасните.

Личноста се развива како одговор на четири главни извори на напнатост:

  • физиолошките процеси на растење
  • спречување
  • конфликти
  • заплашување

Непосредната последица од порастот на напнатоста која потекнува од овие извори е принуденоста личноста да учи нови методи за смалување на напнатоста. Ова учење е она под кое се подразбира развојот на личноста.

 

Извадок од: Основи на психоанализата – Вангелица Гаврилова




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.