Реинтерпретирање на стресот: дали може да се пронајде другата страна на притисокот

Зачудувачки е колку многу од нашите емоционални искуства се сведени на дискусија.

Земете го физичкото чувство кое го имате кога треба да зборувате надвор пред други: потењето на рацете, чувството во стомакот и собата која што ви изгледа како да се врти. Нели е слично со чувството кога се заљубувате?

Реинтерпретирање на стресот: Дали може да се пронајде другата страна на притисокот?

А сепак, од едното чувство сакаме да избегаме, додека од другото ние уживаме. Разликата воглавно е сведена на значењето што го даваме на овие настани.

Но, колку длабоко оди сето ова? А, што во врска за секојдневните грижи и стресот генерално? Дали стресот сам по себе е убиец или може да се реинтерпретира одново?

Едена од најповторуваните работи во последно време е дека стресот претставува „ослабнувачки начин“ на размислување.

Она што се запрашуваат истражувачите во една студија е: дали можеме да го смениме начинот на размислување и дали размислувањето во врска со стресот на позитивен начин има било какви ефекти со начинот на кој што ние реагираме на него?

Со цел да спроведат  прелиминарно истражување, истражувачите регрутирале група на инвестициони банкари, кои биле поделени во три групи, на кои, на секоја од нив им било покажано различно 10 минутно видео. Некои од нив гледале видео кои им го презентирало стресот како позитивна работа.

„Стресот е позитивен“ ова видео сугерирало дека определени луѓе го даваат својот максимум кога работат под стрес, на пример, капетан Sully Sullenberger го приземјил својот погоден авион во реката Хадсон и Винстон Черчил успешно ја водел Британија низ Втората Светска Војна.

Втората група гледала видео кое ја промовирало идејата дека стресот е ослабнувачки, додека третата група била контролна.

Реинтерпретирање на стресот: Дали може да се пронајде другата страна на притисокот?

Банкарите по недела дена, пријавиле како се однесуваат на работа и колкаво е нивното ниво на стрес. Резултатот покажал дека оние кои го гледале видеото дека „стресот е поттикнувачки“ развиле многу позитивен пристап кон стресот. Тие пријавиле подобри перформанси на работа и помалку психолошки проблеми за период од две недели.

Ова истражување сугерира дека нешто едноставно како кратко видео може да го промени вашето размислување во врска со тоа како вие размислувате за стресот, барем за краток период.

Друга студија пак покажала како едно поразлично размислување може да биде од корист. Оваа студија открила дека луѓето кои мислат дека стресот претставува начин на подобрување, било поверојатно да сакаат фидбек. Така да, луѓето кои размислуваат позитивно во врска со стресот најверојатно ќе го искористат тоа нивно разбирање во врска со стресот, со цел да си ги решат своите проблеми.

Во продолжение на ова, размислуваето дека стресот е добар било поврзано со пониски нивоа на кортизол, хормон кој е поврзан со стресот. Со други зборови, физиолошката реакција кај луѓето со стрес била подобра кога тие ја прифатиле идејата дека стресот е позитивен.

Што мислите, стресот е добар или штетен за вас? Ова истражување го потенцира фактот за начинот на кој размислуваме. Дека тој начин на размислување влијае како и на умот, така и на телото?




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.