Ретко познати психолошки факти

Психолошките истражувања сумираат интересни факти за човековото однесување, мотивација и комуникација. Некои од нив се интересни за дискусија. Дали се согласувате со нив?

  1. Секое пријателство воспоставено во периодот меѓу 16 и 28 години е повеќе веројатно да биде значајно и долготрајно.
  2. Жените генерално преферираат мажи со длабоки и рапави гласови, бидејќи делуваат посигурно и не агресивно.
  3. Начинот на комуникација повеќе влијае врз расположението, отколку што емоциите влијаат врз начинот на комуникација.
  1. Луѓето кои даваат најдобри совети обично се оние кои имаат најмногу проблеми.
  2. Колку е интелигентна личноста, толку побрзо мисли, а нејзиниот ракопис е понеуреден.
  3. Начинот на кој еден човек го третира персоналот во ресторан, открива многу за неговата личност.
  4. Луѓето кои имаат силно чувство на вина подобро ги разбираат размислувањата и чувствата на другите луѓе.
  5. Мажите немаат подобра смисла за хумор од жените: тие само кажувааат повеќе шеги, не грижејќи се дали другите луѓе го прифаќаат нивниот хумор или не.
  6. Срамежливите луѓе малку зборуваат за себе, но тоа го прават на начин кој прави другите да се чувствуваат како добро да ги познаваат.
  7. Жените имаат двојно повеќе рецептори за болка во нивните тела отколку мажите, но имаат многу поголема толеранција на болка.
  8. Слушањето музика со висока фреквенција прави да се чувствувате смирени, опуштени и среќни.
  9. Ако не можете да го запрете текот на мислите навечер, станете и запишете ги. Ова ќе го смири вашиот ум за да може да заспиете.
  10. Пријатните текстуални пораки наутро и навечер го активираат делот од мозокот кој е одговорен за чувство на среќа.
  11. Вршењето на нешта кои ве плашат, ќе ве направи посреќни (*не експериментирајте сами со нешта кои предизвикуваат преголем страв кај вас).
  12. Просечното време на жената да задржи тајна е 47 часа и 15 минути.
  13. Луѓето кои се обидуваат да ги направат сите среќни, често завршуваат со чувство на осаменост.
  14. Колку сте посреќни, толку помалку имамате потреба од спиење.
  15. Кога држите за рака некој близок помалку чувствувате болка и помалку се грижите.
  16. Надпросечно интелигентните луѓе имаат тенденција да се дружат со помалку пријатели, отколку просечно интелигентните луѓе. Колку е попаметната личноста, толку станува поселективна.
  17. Бракот со вашиот/та најдобар/ра пријател/ка го намалува ризикот за развод од над 70%. Овој брак е поверојатно да трае цел живот.
  18. Жените кои имаат повеќе машки пријатели почесто остануваат во добро расположение.
  19. Луѓето кои зборуваат два јазика може несвесно да ги променат своите личности кога се префрлуваат од еден јазик на друг.
  20. Да се биде сам подолго време е толку штетно за вашето здравје како пушењето 15 цигари дневно.
  21. Патувањето го подобрува здравјето на мозокот и исто така го намалува ризикот од срцев удар и депресија.
  22. Луѓето изгледаат попривлечно кога зборуваат за она што навистина ги интересира.
  23. Кога две лица разговараат, а едно од нив малку ги свртува стапалата на спротивна страна од соговорникот или постојано ја префрла едната нога во друга насока, претставува силен знак на несогласување и желба за заминување.
  24. Трошењето пари на другите ве прави посреќни отколку трошењето пари за себе.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *