Родителството како тим на фукнционирање

Родителството е заеднички ангажман помеѓу луѓето вклучени во грижата и подигањето на детето. Кој е водичот за ефективно родителство, каде родителите грешат и си отежнуваат еден на друг?

За да бидат успешен тим двајцата родители треба да:

  • Делат базични филозофски ставови за воспитувањето.
  • Да се поддржуваат меѓусебно во своите верувања, потреби и напори.
  • Да имаат однос на меѓусебна почит и флексибилност.
  • Да си даваат фидбек и конструктивен критицизам еден на друг на здрав начин и со поддршка – не мора да се согласуваат во пристапот и идеите но како партнери во воспитувањето на детето, мора да си ги ислушуваат своите гледишта.
  • Заедно да прават планови како ќе се справат со поголемите проблеми – да ги дискутираат правилата, очекувањата и тешкотиите во дисциплината на детето.

Родителството како тим на фукнционирање

Каде родителите грешат  и воспитувањето го прават потешко?

  • Меѓусебните префрлувања и обвинувања дека едниот од нив нема добри воспитни вештини.
  • Дозволуваат друг да ги носи важните родителски одлуки за нивните деца (баба, дедо, дадилка итн.)
  • Едниот е секогаш построг и доаѓа до префрлување на одговорноста: прашај го татко ти/прашај ја мајка ти кога ќе се врати.
  • Импулсивно однесување без да размисли за последиците кои ќе ги сноси другиот родител. (мајката му допушта подолга дневна дремка на детето, а таткото е задолжен да „дежура“ вечерта кога детето ќе биде одморно и нема да сака да спие).
  • Директно поткопување и негирање на другиот родител. (додека едниот родител „му држи лекција“ на детето, другиот му влегува во збор и пред детето го кажува неговото спротивно мислење).
  • Родителите вреднуваат различна особина кај своето дете. (едниот смета дека детето треба да оди на тренинг, а другиот дека е поважно да помине време со семејството).

Водич за ефективно родителство

  • Договорете вообичаено време за дискутирање на изминатите случувања и испланирајте стратегија за неделата што следи.
  • Ако едниот од вас сака да проба нов пристап, нека побара поддршка од партнерот, или барем нека нема попречување.
  • Избегнувајте заобиколување на одговорноста кога ќе се појави проблем. Справувајте се со проблемите при самото појавување.
  • Не ја попречувајте ситуацијата со која другиот родител се справува.
  • Откако проблемот ќе се реши, одвоете време за разговор во кое ќе зборувате за интеракциите и давајте сугестија, пофалба, поддршка и конструктивна критика.
  • Решавајте ги различните гледишта насамо, не пред вашето дете.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.