Роршах психолошки тест: eдна од најмоќните и најконтроверзните алатки во психологијата

Иако „Роршах“ е најпознат психолошки тест во светот, тој сепак малку се разбира надвор од психолошките кругови. Поради неговата специфична форма, важно е да се знае дека не станува збор за тест на креативност. Тоа е всушност тест кој е создаден да ги открие најдлабоките „тајни“ и содржини на испитаникот, за кои тој може и едвај знае дека ги има. Тестот е именуван според името на неговиот автор – швајцарскиот психијатар Херман Роршах.

Woman talking to therapist, side view

За каков тест станува збор?

Роршах тестот претставува сет од карти со маслени дамки, кои служат за создавање ментална слика – рефлексија кај испитаникот. Со други зборови, Роршах тестот е тоа што психолозите го нарекуваат проективен тест. Основната идеја на ваквиот тест е што на испитаникот му се покажува слика со дамка со двосмислени, безначајни форми – содржини, по што неговиот ум ќе работи напорно за да наметне значење на сликата, давајќи слободни асоцијации. Тоа значење е генерирано од неговиот ум. Со прашањето на личноста да каже што гледа на сликата, таа всушност кажува за себе си и за тоа како таа го проектира значењето на реалниот свет.

Одговорите се бележат и потоа се анализираат преку психолошко толкување, со сложени алгоритми или и двете (т.е. со квалитативна и / или квантитативна анализа). Се користи да ги детектира основите во психичкото нарушување на личноста, особено во случаи кога клиентот или пациентот не е подготвен да зборува отворено за своите размислувања.

Историја на тестот

Употребата на интерпретацијата на „двосмислени форми“ како начин за пристап до личноста на човекот е идеја која датира од Леонардо да Винчи и Ботичели. Интерпретацијата пак на ваквите дамки, датира од доцниот 19-ти век. Херман Роршах, сепак е првата личност која на оваа метода и дал систематски – научен пристап.

Роршах спровел истражување во кое забележал дека пациентите дијагностицирани со шизофренија имале значително поразлични реакции на слики со дамки отколку во случај кај „нормалните“ испитаници. Затоа тој го развил Ророшах тестот како дијагностичка алатка за шизофренија. Тој всушност никогаш немал намера тоа да стане тест на личност. Сè до 1939 година тестот не се користи како тест на личност за нормална популција. И самиот Роршах бил скептичен во врска со ваквата употреба на тестот.

По проучувањето на 300 пациенти со душевни болести и 100 контролни испитаници (неклиничка популација) во 1921 година Роршах да издал својата книга „Психодијагностика“, која станува база за тестот со дамки. Откако експериментирал со неколку стотици видови дамки, тој селектирал 10 карти кои имале дијагностичка вредност. По смртта на Роршах, оригиналниот систем за скорување на тестот бил ревидиран и унапреден од страна на Samuel Beck, Bruno Klopfer и други.

Зошто овој тест е толку популарен и корисен?

Irving B. Weiner, еден од луѓето кои го развиле дијагностичкиот и статистичкиот прирачник за ментални нарушувања (DSM IV) има изјавено дека Роршак е мерка за функционирањето на личноста и дава информации во врска со структурата и динамиката на личноста (што всушност ја прават личноста да биде таква каква што е). Ваквите информации се корисни и при поставување на диференционална дијагноза.

Овој тест често се користи и во евелуации по судска наредба. Така, освен со клиничка и „нормална“ популација, Роршах тестот во могу од случаите се користи и како дел од батерија тестовите за психијатриско судско вештачење. Во таа смисла, многу психолози, ја изнесуваат и предноста на Роршах тестот за детекција на тенденциозноста на испитаниците кон суицид или хомоцид.

Додека едни психолози сметаат дека Росшах е психолошки тест кој многу помага во психодијагностиката, други ја изнесуваат својата скептичност во однос на неговата објектвноста поради самата субјективност во основата на проектвните тестови и навлегувњето во несвесната динамика на личноста.

Како и да е, го сакале или не, Роршах тестот е еден од најпознатите тестови и моќна алатка која помага во подоброто разбирање на личноста на човекот, а од сите концепти во психологијта, личноста на човекот, несомнено е една од најкомлексните и највозбудливите „предмети“ за проучување.



Лиценциран психолог, интегративен и гешталт советник. Професионално, главно е фокусирана на областите: психолошко советување и терапија, работа со деца и млади, лица со посебни потреби и маргинализирани групи. Пристапува холистички, во насока на подобрување на менталното здравје, личниот развој, животниот стил и емоционалната добросостојба. Поаѓа од идејата дека добриот контакт со околината и задоволното - осмислено живеење се темелат на степенот на свесноста која ја поседуваме и квалитетот на контактот со себе си.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.