Здружението за едукација и развој Психоинтегра Скопје, за сите дипломирани психолози и студенти на психологија во завршна година на студии, организира серија работилници за примена на Роршах проективна психодијагностичка техника.
Предавач: Олга Мицева, специјалист по медицинска психологија со комплетно завршена теоретска и практична Роршах едукација кај д-р Чмелиќ. Олга Мицева има 29 годишен работен стаж во специјализирани психијатриски институции: „Психијатриска Болница Скопје“ – Скопје; Клиника за психијатрија и други приватни институции.
Програма
1-ва работилница: Запознавање со проективната техника и користење на истата со квалитативна интерпретација. Задавање на десетте карти и анализа.
Цел: Дијагностички и диференцијално дијагностички заклучок.
2–ра работилница: Интерпретација на прва, втора, трета и четврта карта.
3-та работилница: Интерпретација на петта, шеста, седма и осма карта.
4–та работилница: Интерпретација на деветта и десетта карта. Толкувања и заклучоци.
Пријавувањата се до 05.10.2016, на e-mail: psihointegra@psihointegra.org
Контакт тел: 077 909 732
*На секој учесник му следува Роршах прирачник на македонски јазик и сертификат за поминати Роршах работилници.