Роршах работилници за дипломирани психолози

Здружението за едукација и развој ПСИХОИНТЕГРА Скопје, за сите дипломирани психолози организира серија работилници за примена на Роршах проективна психодијагностичка техника.

Предавач: Олга Мицева, специјалист по медицинска психологија со комплетно завршена теоретска и практична Роршах едукација кај д-р Чмелиќ. Олга Мицева има 28 годишен работен стаж во специјализирани психијатриски институции: „Психијатриска Болница Скопје“ – Скопје; Клиника за психијатрија и други приватни институции.

 

Програма

1-ва работилница: Запознавање со проективната техника и користење на истата со квалитативна интерпретација.

Цел: Дијагностички и диференцијално дијагностички заклучок.

2-ра работилница: Задавање на десетте карти и анализа.

3-та работилница: Интерпретација на прва и втора карта.

4-та работилница: Интерпретација на трета и четврта карта.

5-та работилница: Интерпретација на петта и шеста карта.

6-та работилница: Интерпретација на седма и осма карта.

7-ма работилница: Интерпретација на деветта и десетта карта.

8-ма работилница: Толкувања и заклучоци.

 

Работилниците започнуваат во Јуни со времетраење од 1 месец (две средби неделно).

Пријавувањата се до 31ви Мај.

 

Сите заинтересирани можат да се пријават или да постават дополнителни прашања на

e-mail: psihointegra@psihointegra.org

Контакт тел: 077 909 732 

 

*На секој учесник му следува Роршах прирачник и сертификат за поминати Роршах работилници.




Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.